Изборниот процес што до пладневните часови беше оценет како мирен финишира со подеднакво коректна атмосфера, со исклучок на неколку инциденти во пладневните часови кои немаа поголемо влијание на генералниот впечаток, оценуваат претседателите на изборните штабови по затворањето на гласачките кутии на избирачките места.
Според претседателот на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ Марјан Ѓорчев:
„Уште еднаш се потврди дека неоправдани беа стравувањата дека во Република Македонија на денот на изборите ќе се случат незнам какви немили сцени коишто воопшто ќе го намалт угледот на Република Македонија, туку напротив се покажа дека народот во Република Македонија е тој којшто дава и зема власт и со висока демократска свест се определи да гласа на начин којшто претставува мирно гласање, унапредување на демократијата и слободно изразување на демократската волја.“
Инцидентот што се случи во Лешок, според него е израз на индивидуално незадоволство.
Претседателот на изборниот штаб на СДСМ Јани Макрадули со оценка:
„Задоволни сме и од одзивот и од релативно малиот број на инциденти. Задоволни сме од соработката што ја имаме со МВР“
Социјалдемократите очекуваат дека одредени неправилности што се јавиле во текот на гласањето како тие во Лешок ќе бидат корегирани со прегласување.
Во штабот на ДПА се релативно задоволни од карактерот на изборниот процес, информира Ернад Фејзулаху:
„Изборите течат релативно мирно, со некои прекршоци и недостатоци од страна на политичката партија на господинот Али Ахмети, ДУИ“
Во ПДП генерално гледано се задоволни од текот на изборниот процес, но сметаат дека е потребно изборните органи да ги земат во предвид приговорите што тие ќе ги поднесат за неколкуте инциденти што се случија.
„Во целина земено, барем до сега, изборниот процес се одвива нормално, со одредени инциденти и мали нарушувања“
вели Насер Зибери претседател на изборниот штаб на ПДП за атмосферата во која се одвиваа парламентарните избори во државава.
Претатсвниците на четирите партии од власта и од опозицијата се подеднакво задоволни од добриот одзив на граѓаните на изборите.