Вечер во Крушево ќе започнат 36-те научно културни средби 10 дена Крушевска република, по повод 99- годишнината од Илинденското востание и од создавањето на првата република на Балканот, едни од најзначајните чинови и епохални подвизи во историјата на македонскиот народ.
„Пораките и идеите на Илинденското востание и на крушевската република всушност претставуваат почетоци на ослободително револуционерното движење на македонскиот народ за создавање на сопствена национална држава.“
вели доктор Зоран Тодоровски, претседател на советот на оваа манифестација,кој нагласува дека програмата на годинашните средби ќе биде насочена пред се кон достоинствено одбележување на оваа годишнина.
Содржински програмата на манифестацијата е поделена на два дела меморијален и културно-образовен. Меморијалниот дел веќе започна со денешното полагање свежо цвеќе на спомен белегот во месноста Слива, а за првпат годинава тој е проширен и со посетата на спомениците на Смилевскиот конгрес и на Даме Груев во ова село.
„Посебен белег ќе дадат два централни настани, а тоа е говорот на претседателот на владата на Република Македонија господинот Љубчо Георгиевски на големиот народен собир што традиционално на 2-ри август ќе се одржи на Мечкин Камен. И отворање на летната сцена изградена посебно за научно-културните средби 10 дена крушевска република од средбата на министерството за култура.“
Културната програма на средбите, што традиционално се одржува од први до десетти август, се состои од 18 културно-уметнички содржини, од кои Зоран Тодоровски ги издвојува
„Концертот на Влатко Стефановски и на Мирослав Тадиќ со нивниот албум Крушево. Изложбата на уметничката галерија на Скопје тоа ќе бидат основоположниците на македонската современа ликовна уметност Данаилов, Личеновски и Мартиновски и поетската вечер со академик Анте Поповски и две претстави од народниот театар од Велес и Гостивар.“
По вечерашното свечено отворање и концертот за младите посетители, на полноќ ќе биде изведен традиционалниот импровизиран напад на Крушево.