Достапни линкови

Рокот за консензус краток, ДПА инсистира на донесување на законот


Рокот за да се надминат разликите меѓу партиите потписнички на рамковниот договор за законот за пасош до 7-ми јули кога е последен ден од работата на собранието е тесен оценува портпаролот на ВМРО – ДПМНЕ Влатко Ѓорчев. Затоа тој најави:

„Ако во меѓувреме не успееме да постигнеме консензус има можност ова да се префрли како одговорност на наредниот состав на собранието. Во моментов постојат напори за надминување на проблемот, но треба да видиме како ќе се одвиваат работите понатаму.“

Портпаролот на ВМРО ДПМНЕ додава дека партиите треба да најдат ново решение за пасошот од тоа со два обрасци на албански и македонски што владата во меѓувреме го повлече.

„Сметаме дека таков предлог не треба да помине и ако таков предлог се најде во собранието нашите пратеници нема да гласаат.“

Но, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ кои ретеритаат во ставот за пасошот во ДПА инсистираат:

„Инсистираме овој состав на собранието да го донесе законот за патните исправи. Законот за пасошите е еден од условите за одржување на изборите и тоа сеуште не е исполнето, а тоа значи дека уште не се исполнети сите услови за избори.“

-рече Замир Дика од ДПА кој во случај законот за пасоши да не биде донесен во овој парламентарен состав предупредува:

„Ситуацијата е многу сериозна. Па, ќе видиме…“

Дика не ги смета за радикални најавите на неговата партија дека ке се дестбилизира Македонија ако не се реализира решението за пасош со два јазика:

„Не треба радикализација, но од страна на Црвенковски и Трајковски.“

Во СДСМ во мегувреме се изјаснија дека нема потреба од нова лидерска средба за пасошите и дека е најдобро ова прашање да се реши по изборите. Слично резонираат и во ВМРО ДПМНЕ во врска со оправданста од одржување на нова лидерска средба сега. Портпаролот на оваа партија Влатко Ѓорчев вели:

„Прашање е што после тие лидерски консултации, ако не се успее. Останува да видиме што ќе се случува во наредните денови.“

Во меѓувреме меѓународната заедноца потсети дека за нив е прифатливо секое решение за пасошите за кое ќе се согласат четирите партии.
XS
SM
MD
LG