Како го објаснувате феноменот што Скопско Културно Лето годинава почнува со потрага за влезен билет повеќе, не само за концертот на пијанистот Симон Трпчевски, туку и за претставата Дракула на Александар Поповски?
Мислам дека тоа е само потврда на она што Скопско Лето како манифестација во годините наназад успеа да го изгради како свој сопствен имиџ, како своја придобивка, а резултат на сето тоа е квалитетот и атрактивноста на програмите што се нудат. Како што самите рековте, билети нема, а тоа за нас само претставува потврда и поттик дека навистина манифестацијата веќе стои на здрави нозе и стабилно.
Што е она што како посебност би го издволиле од годинешново издание на Скопското Културно Лето?
Она што би сакал да го потенцирам е на пример кафе-киното, содржина што е доста атрактивна, интересна и би рекол релаксирачка, во рамките на Скопското Лето и што ја одвојува нашата манифестација од другите слични на неа во државата и надвор. Но, би сакал да истакнам и дека традицијата што Скопско Лето веќе десетина години наназад ја има, а тоа е да продуциа свои сопствени проекти. Значи, годинава ќе обрнам внимание на новата театарска продукција на Скопското Лето, тоа е Патот за Парамарибо автор Томислав Османли, во режија на Виолета Џолева и една респектибилна актерска изведувачка екипа. Очекуаме да имаме и еден инзвонреден концерт на Камерниот оркестар Свети Ѓорѓе од Југославија. Во делот на ликовната уметност, ќе ги потсетам оние што ги сакаат убавите уметности, како што ги нарекуваме, на изложбите на керамика на младиот Филип Цветановски, или на изложбата на фотографија на нашата Јасна Богдаовска, девојка која живее и работи во САД.
Во рамките на оваа манифестација се одржува и Блуз и Соул фестивалот како една од придобивките, која веќе има свои признаници не само во градов, туку и во државава. Како би го објасниле растот и на ова случување?
Од воспоставувањето на овој фестивал, од 96-тата наваму, се обидувавме полека да го градиме и рејтингот и квалитетот на самата манифестација. Во оваа прилика само накратко би кажал дека сум убеден дека годинашново издание на Блуз и Соул фестивалот, не само што ќе го задрѓи вниманието на скопската публика и оние наши пријатели и поддржувачи, туку дека годинешново издание ќе понудиме нешто повеќе. Односно, дека годинава ќе биде оној исчекот напред.