Достапни линкови

Македонско – англиски речник во Австралија


Докторе Виндел ке ни ја кажаете ли накусо историјата за тоа како дојде до создавањето на овој македонско – англиски речник ?

( Виндел ) Речникот е наречен македонско англиски и има долго историја. Тој е продуциран врз основа на речникот на македонски јазик продуциран во шеесетите години на минатиот век од Димитровски, Корубин и Стаматовски кои беа блиски соработници на познатиот лингвист Блаже Конески. Овој речник беше база за нашата работа, а иницјативата дојде од професор Реџиналд Де Брејк во 1980-тата година и тој долго работеше на речникот. Јас , по неговата смрт, го продолжив неговото дело. Многу се работеше, преведени се многу материјали. Речникот е издаден во 1995 година. Станува збор за едно-насочен македонско – англиски речник.

Кој го финансираше овој проект ?

(Виндел ) Финансиран е од Австралиската консултативна истражувачка група на професор Де Брејк и од Австралискиот Национален Универзитет.

Професоре Виндел која е важноста на македонско-англискиот речник во мегу-националните заедници ?

( Виндел ) Тоа е важен проект. Постоеја поголем број мали речници. Овој е доста голем речник и го реафирмира статусот на македонскиот јазик како европски јазик. Постоеше потреба од речник со таква големина.
XS
SM
MD
LG