Со донесувањето на новите измени на Законот за води приватните компании кои ги користат водите во Македонија ќе траба да плаќаат повеќе, без разлика дали станува збор за производство на електрична енергија или флаширање вода, вели за РСЕ министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.
Нема да биде дозволено, како во минатото, изградба на хидроцентрали без соодветна студија за влијание врз животната средина на местото. Истовремено, треба да направиме повторна проценка на количините на вода кои ги имаме. Климатските промени го имаат својот ефект и има помали количини на вода отколку порано“, вели Нуредини.
Најавените нови измени на Законот за води сè уште не се стигнати во Собранието. Од Министерството за животна средина и просторно планирање велат дека откако завршила јавната распара за законот, во моментов се прави доработка на текстот за да бидат вклучени забелешките на јавноста. Станува збор за обемен закон, кој прво треба да биде усвоен во Владата, па да влезе во собраниска процедура.
Инаку, светската експертска јавност се повеќе ја истакува потребата за глобален пристап кон спровувањето со хроничниот недостиг на вода, особено по актуелните интензивни топлотни бранови и широко-распространети суши во повеќе делови од светот.
Во едно од најновите истражувања работена на Универзитетот во Лидс, вклучени се 400 експерти од целиот свет за решенија на сегашните и идни предизвици за водата.
Клучни области, според нив, се недостигот на вода, санитарните услови и климатската динамика, но главната загрижнест е околу начинот на кој владите се подготвени да се справат со овие предизвици.
„Управувањето со водите е едно од клучните покреанти прашања“, вели д-р Алесија Офори од Универзитетот во Лидс, една од авторите на Извештајот.
Законот за води во Македонија треба да понуди зголемена заштита, зачувување и подобрување на водните ресурси преку рационално и одржливо користење на водите, како што наведува Министерството за животна средина и просторно планирање кое е предлагач на новиот закон.
Но, дали неговото донесување ќе обезбеди соодветна заштита на водите со оглед на евидентното отсуство на спроведување на нормите во државата?
Нуредини вели смета дека е потребно и многу важно законите да бидат добри, но вели дека постојат добри закони кои институциите не можат да ги имплементираат.
„Имплементацијата е една од клучните критики кои ги имаме од меѓународната заедница“, вели Нуредини.
Во текот на јавните консултации за измените на Законот за води, ставот на гараѓанските организации беше дека Нацрт-законот отвора поголеми можности за заштита на водините ресурси, но дека предложените законски измени не се доволни и дека се уште има недостатоци за целосно да се регулира користењето и зачувувањето на водите.
Од Алијансата „Разбистри се“, во која се вклучени граѓански организации и експерти, велат дека измените на законот прецизно ја регулираат изградбата и функционирањето на малите хидроцентарали и дека за прв пат е дефиниран и и регулиран еколошкиот проток и дека задолжително треба да се постават рибни патеки на реките при изградба на мали хидроцентрали.
Тие велат дека освен што е намалено времетраењето на концесиите за хидроцентрали со моќност до 10 мегавати, треба и целосно да се забрани изградбата на хидроцентрали во заштитени подрачја и подрачја предложени за заштита, како и на сите други места на кои би се наштетило водоснабдувањето, наводнувањето или биодиверзитетот.
Од „Разбистри се“ велат дека со новиот Закон уредувањето и регулирањето на речните корита и езерските крајбрежја ќе има приоритет пред црпењето и продажбата на песок и чакал, но дека во законот недостасува поефективен механизам со кој ќе се стимулираат фирмите да вршат токму уредување на речните корита, а не само да ја користат можноста за продавање на ископаниот песок и чакал.
Потоа, дека со Законот заострени се условите за издавање на дозволи за користење на водите, но дека за фирмите, наместо изработка на елаборати, сметаат дека треба да им биде воведена изработка на задолжителна студија за влијанието врз животната средина, но и зголемување на надоместоците за користење на вода.
„Нацрт-законот предвидува дека правото на користење на водите може да биде ограничено кога се загрозува животната средина и притоа фирмите кои имаат дозволи или концесии, нема да можат да бараат надоместок на штета за изгубена добивка. Исто така, дозволата може да им биде одземена ако не доставуваат податоци за искористените количини на вода и не ги преземаат мерките предвидени од државните органи“, велат од „Разбистри се“.
Од Алијансата исто така наведуваат дека Нацрт-законот за водите го засилува инспекцискиот надзор, но дека треба да се изработат и катастри за хидроцентрали, бунари и извори, а освен УХМР, велат дека треба да се овозможи мониторинг и од други сертифицирани институции и лаборатории за мерења на користењето на вода од страна на малите хидроцентрали.