Достапни линкови

Што има ново во новата стратегија на Путин?


Додека војната меѓу Русија и Западот станува постудена и од Студената војна, Македонија и другите земји од Западен Балкан длабоко смрзнуваат политички, чекајќи го следниот чекор од Москва и Брисел, велат политичките аналитичари.

Дијалогот помеѓу ЕУ и Русија е во критична фаза и поминува низ најтешките времиња до сега. И односите Москва – Вашингтон не се ништо подобри. Оваа сегашна студена војна е „постудена“ и од претходната и е во најкритичните фази, анализираат експертите. Во тоа политичко „студенило“, велат тие, длабоко се фатени и балканските претенденти за влез во ЕУ и НАТО – Македонија, Косово, БиХ, Србија...

Додека тие „смрзнуваат“ во политичкиот мраз, во Москва се крчка нова стратегија за Западен Балкан, велат дел од експертите. Други пак, поучени од досегашното искуство, се спротивставуваат и одговараат со прашање: Има ли нешто ново во таа нова стратегија на Путин?

Новости од Кремљ за Западен Балкан?
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:41 0:00

Популистички реалпрагматизам и реалполитика

Според Зекеријах Смајиќ, бриселски експерт за европска политика и за проширување на ЕУ, во однос на Балканот, Русија игра на картата популистички реалпрагматизам, наспроти западната реалполитика.

„Русија се држи до историскиот факт дека никому до сега не му се посреќило да 'завладее' одеднаш со целиот Балкан“, вели Смајиќ во една од своите најнови анализи.

Тој додава дека „Русија е мачка која знае како се ловат глувци“.

Акцент на европскиот фронт

Експертот за безбедносна политика од Институтот за меѓународни односи во Прага, Марк Галеоти, пак вели дека Русија води специјална војна, со акцент на „европскиот фронт“ на Русија и Западот.

„Во исто време, руските политички цели се унапредуваат со збунувачки широка лепеза на наводно цивилни играчи, вклучувајќи тука 'невидливи' шпиони, државни нафтени компании, експертски и медиумски организации, како и олигарси кои носат случаи пред западните судови“, вели Галеоти.

Тој верува дека „сите тие играчи лабаво ги контролира путиновата администрација“.

„Имате многу индивидуални актери кои можат да бидат шпиони или руски руски бизнисмени, но можат да бидат и локални бизнисмени кои сакаат добра зделка со Русите. Има многу луѓе кои се обидуваат да направат работи за кои сметаат дека ќе помогнат во унапредувањето на агендата на Кремљ“, вели Галеоти во интервју за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG