Шест месеци откако се појави ковид-19, лагите и дезинформациите преку интернет ги нарушуваат напорите за борба против заразната болест.
Следниот пример опфаќа некои од главните невистини што се распространети за коронавирусот.
Пополнете ги празнините во текстот подолу и можете да бидете влијателен, придружувајќи им се на голем број актери кои користат лажни наративи на социјалните медиуми:
* Тоа е заговор на армијата на_____ да изврши инвазија врз____.
* Тоа е заговор за да се шири миграцијата од _____ во _____.
* Може да се излечи со ___.
* Тоа е биолошко оружје развиено од ___ за да се елиминира ___.
Лажни наративи
Во светот, според истражувачите од универзитетот Карнеги со седиште во САД кои проучуваат како се шират дезинформациите преку социјалните мрежи, има повеќе од 100 лажни наративи што се однесуваат на коронавирусот.
Тие неодамна идентификуваа најмалку три категории на неточни информации: лекови и начини за спречување на инфекција, природа на самиот вирус и наводно оружје или биоинженирање на вирусот.
Фармите на тролови со лажни вести „предвреме“ го убија Ковид 19
"Неточни информации се распространети на интернет и на сите социјални медиуми. Се шират од ботови, но и од луѓе кои не знаат дека се неточни", вели Кетлин Карли, професор на Институтот за компјутерски науки на Карнеги.
Лажните лекувања и методите за превенција беа најпопуларните теми за дезинформации што се шират низ целиот свет, честопати преку интернет-ботови.
Можно лекување
Пивото “Корона” не лечи коронавирус, ниту лук, или лути пиперки во супа. Исплакнете го носот со раствор од сол нема да спречи да добиете ковид-19, болест предизвикана од коронавирусот.
Некои наводни лекови пак, што се појавуваат на интернет можат да бидат смртоносни.
Многу влади, здравствени организации и други, создадоа веб-страници за да помогнат во демантирањето на лажни тврдења.
Не! 5G не го предизвикува и не го шири ковид-19
Министерството за здравство на тешко погодениот Бразил, кој е на второ место зад САД по бројот на случаи на коронавирус, постави канали за корисниците на социјалните медиуми да испраќаат информации што ги виделе преку Интернет за да може да се испита нејзината вистинитост.
Резултатите од иницијативата покажуваат дека имало вести оти Русија и Кина развиле вакцини за ковид-19, дека кафето или чајот од лимон го лечи коронавирусот, или дека гаргара помага.
Светската здравствена организација постојано ги демантира идеите дека пиењето алкохол штити од ковид-19, дека задржувањето на здивот 10 секунди докажува дека немате коронавирус и дека изложеноста на екстремно високи или ниски температури ја спречува болеста.
Големи заговори
Напори да се идентификуваат и да се отповикаат дезинформациите, исто така, прават групите како Европската служба за надворешно дејствување која се справува со идејата дека ковид-19 е „трик од Голема Фарма“ односно станува збор за „голема шема на тајни елити и дека „пандемијата е измама или барем претерување која е раширена од страна на проруските медиуми“.
Ковид-19 во руското и кинеското влијание на Балканот
Центарот на чешкото Министерство за внатрешни работи против тероризмот и хибридните закани кој ги следи кампањите за дезинформации кои влијаат врз безбедноста на земјата, ги разоткрива заговорите дека коронавирусот е развиен како биолошко оружје од земји и истакнати личности.
Центарот ја побива идејата дека САД ја искористиле појавата на коронавирусот за распоредување војници низ цела Европа.
Исто така, ги отфрла и другите популарни теории на заговор, вклучително и дека постои врска помеѓу коронавирусот и воведувањето на 5G мрежи, дека самата пандемија е блеф и не е сериозна; дека владата подготвува присилна масовна вакцинација за контрола на населението; и дека владата и медиумите шират вести за пандемијата за да го одвратат вниманието од заканата од миграција.
Лоши актери
Според овој Центар, напорите за манипулирање со информациите се обид да се искористи пандемијата „во согласност со интересите на најширок можен круг на актери“.
Набљудувачите издвоија голем број од нив, од влади, професионални теоретичари на заговор, до добронамерни луѓе кои само реагираат на дезинформациите.
Карли вели дека дезинформациите се шират побрзо доколку се од познати личности или новински агенции. Понекогаш, посочува таа, шегите можат да се претворат во вистини.
„Лесно е да ве збуни и сатира со дезинформации. Истата приказна дека „пиење белило лечи коронавирус, може да се смета за смешна и очигледна сатира од една личност, а како вистина од друга“, вели Карли.
WhatsApp со строги мерки за пораките поради ширење лажни вести
Но, таа може да потекнува од светски лидер, како американскиот претседател Доналд Трамп, кој ја поддржа идејата дека белилото е пристап вреден за истражување; или бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, кој продолжи да ја минимизира заканата дури и кога неговата земја станува главно жариште на коронавирусот; или сите светски лидери кои одбиваат сериозно да го земат предвид ковид-19 како белорускиот претседател Александар Лукашенко, туркменистанскиот Гурбагули Бердимухамедов или претседателот на Никарагва Даниел Ортега.
Во некои случаи, самите држави, како САД и Кина, меѓусебно се обвинија за потеклото на болеста, при што Вашингтон посочи дека коронавирусот потекнува во кинеска лабораторија, а властите во Пекинг дека е донесена во Кина од американската војска.
Широко влијание
Влијанието е очигледно широко. Една неодамнешна анкета спроведена од високото економско училиште во Москва покажа дека еден од четворица Руси не веруваат дека пандемијата на коронавирусот е реална.
Во Соединетите држави, едно истражување откри дека скоро 30 проценти од Американците веруваат дека коронавирусот најверојатно бил создаден во лабораторија, спротивставувајќи се на наодите на генетичарите кои го проучуваат потеклото на вирусот.