Достапни линкови

Шест букви на една коска што можат да ја препишат историјата на Словените?


Коска со натпис, пронајдена на археолошки локалитет во Лани, во близина на градот Брецлав во Чешка.
Коска со натпис, пронајдена на археолошки локалитет во Лани, во близина на градот Брецлав во Чешка.

Долго време се веруваше дека Словените немале свое писмо дури до деветтиот век, кога започнале да користат глаголица, воведена од христијанските мисионери Кирил и Методиј. Но, тоа е околу три века по натписот на една коската пронајдена во Лани, Чешка.

Како и многу важни откритија и ова е случајно. Алена Сламова, дипломиран студент по археологија во Чешка, рутински миела коски од животни кои беа извадени во една старословенска населба во јужна Моравија, кога забележала невообичаени гребнатинки на површината на еден фрагмент. Затоа, решила да им го покаже тоа на своите колеги.

Нејзината интервенција не беше само случајна, туку и значајна. Нејзиното откритие предизвика тригодишно прецизно истражување, што сега резултираше во труд што повторно ги разбуди историските полемики и фрли ново светло на матниот период во минатото на Европа.

„Апсолутно беше изненадувачки за нас“, вели Јиржи Махачек, раководител на Одделот за археологија и музеологија на Универзитетот „Масарик“ во Брно. Махачек е коавтор на револуционерниот извештај за значењето на откритието во месноста Лани во близина на чешкиот град Брецлав. Според Махачек, гравурите што неговиот студент ги открил се покажале како „руни“ букви, нешто што тој никогаш не очекувал да го види во некоја старословенска населба.

археолозите Алена Сламова и Јиржи Махачек покажуваат фрагмент од коска, Брно, 11 февруари 2021 година
археолозите Алена Сламова и Јиржи Махачек покажуваат фрагмент од коска, Брно, 11 февруари 2021 година

Долго време се веруваше дека Словените немале свое писмо дури во IX век, кога започнале да користат глаголица, воведена од христијанските мисионери Кирил и Методиј. Но, тоа е околу три века по натписот на коската од Лани, која со користење на генетски и радиојаглеродни методи, е утврдено дека датира околу 600 година од нашата ера.

Стара дебата

Идејата дека Словените научиле да пишуваат порано од доаѓањето на овие мисионери за време на Големата Моравска империја, долго време беше предмет на дебата. Уште во 19 век, некои истакнати славистички научници ја имале идејата дека Словените веќе постигнале ниво на писменост во претхристијанската ера.

Македонците се симбиоза од античките македонци и словените на овие простори, велат историчарите

Еден од главните камен-темелници на нивниот аргумент бил текст на еден монах по име Черноризец Храбар, чие дело од околу 900 година од н.е. се однесувало на систем на пишување со употреба на „точки и засеци“ за кои тој рече дека биле усвоени од старите Словени.

Иако некои сметаа дека тврдењето на Храбар е веродостојно, со текот на годините тоа не одговараше заради фактот дека никогаш не биле пронајдени никакви физички докази. Коската од Лани може да го промени сето тоа.

„Нашето откритие е прво по скоро 200 години дискусии што сугерира дека е можно раните Словени да имале одредено писмо“, вели Махачек. Сепак, постои пресврт во приказната.

Откриено е дека натписите се со рунско писмо што досега се поврзувало само со германските племиња. Како оваа азбука била усвоена од овие рани Словени, е едно од неколкуте вознемирувачки прашања во врска со таканаречената „голема миграција“ на словенските народи, кои се појавиле во овој дел на Европа во голем број околу шестиот век.

Археолошко ископување во месноста Лани, во близина на градот Брецлав во Чешка, таму е пронајден фрагмент од коска со рунски натписи, кој датира од околу 600 г. н.е.
Археолошко ископување во месноста Лани, во близина на градот Брецлав во Чешка, таму е пронајден фрагмент од коска со рунски натписи, кој датира од околу 600 г. н.е.

Преовладувачко мислење за тоа како се случил овој процес е дека Словените се преселиле во овој дел на Европа откако земјите биле ослободени од германските племиња, емигрирајќи на југ по распадот на Римската империја. Но, процесот, кој се одвиваше за релативно краток период од 100 до 150 години, никогаш не е објаснет доволно.

„Словенизацијата на Европа е навистина помалку мистерија“, вели Мачхачек, додавајќи: „И теоријата дека тоа вклучува миграција на народи не е толку лесна за научно да се докаже. Нашето откритие треба да биде мал дел од оваа дискусија“.

Едно можно објаснување од откривањето на коската од Лани е дека културната разлика меѓу ранословенските и германските народи можеби не била толку јасна како што се сметаше претходно. Коската исто така може да укаже на тоа дека германските племиња можеби дури и играле значајна улога во формирањето на овие Словени во посебна етничка група во тоа време.

„Веднаш на самиот почеток, во втората половина на шестиот век и двете групи на луѓе можеа да бидат поблиски или поповрзани отколку што мислевме или за кои имавме археолошки докази“, вели Махачек, наведувајќи: „И можно е дел од германскиот народ да учествувал во овој процес - во етногенезата на овие Словени“.

Нови истражувачки патишта

Како што често се случува со важни археолошки откритија, коската може да фрли светлина врз старите историски мистерии, но исто така отвора и нови прашања што можат да отворат примамливи патишта за истражување.

Една интересна загатка со која се соочуваат научниците е да дознаат зошто германското писмо се користело од Словените.

Според Махачек, постојат две можни објаснувања за тоа како можеби се случила оваа рана форма на културно присвојување. „Лицето што го напиша овој натпис можело да биде лице со германско потекло, кое живеело меѓу Словените“, вели тој, наведувајќи го фактот дека од ова време има историски записи за германски „емигранти“ кои живеат меѓу словенските народи што ѝ дава веродостојност на оваа идеја.

„Но, другата можност е написот да бил напишан од Словени кои го научиле тоа писмо од германските народи“. За жал, имајќи предвид дека коската од Лани е единствениот физички доказ до денес за пишувањето меѓу раните Словени, рано е да се постават идеи за тоа каква цел имал овој јазик во словенската заедница која била во зародиш.

Длабоко врежаните натписи на коската од Лани се автентични и се потврдени со помош на оптичка и електронска микроскопија за скенирање.
Длабоко врежаните натписи на коската од Лани се автентични и се потврдени со помош на оптичка и електронска микроскопија за скенирање.

Сепак, Роберт Недома, експерт за компаративна литература и студии по јазик на Универзитетот во Виена, категорично ги идентификуваше гравирањата од Лани како Елдер Футхарк, најстарата позната форма на букви што ја користат германски жители во Централна Европа од вториот до седмиот век. Овој антички систем се состоел од 24 букви.

Молебен на гробот на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“ во Рим

Со оглед на тоа што фрагментот од коската содржи шест последни букви од ова писмо, Недома верува дека оригиналниот артефакт може да ја сочинувал целата азбука и можел да се користи како средство за учење, особено затоа што содржи некои очигледни грешки.

„Лицето кое ги врежа овие шест букви испушти две од последните осум од Елдер Футхарк“, вели тој. „Недостасуваат две букви, па затоа, во овој поглед, мислам дека ова е вежба за пишување.“

Повеќе возбудливи откритија?

Познато е дека германските племиња го користеле Елдер Футхарк за волшебни и религиозни цели, но сепак е невозможно да се каже дефинитивно дали имало слична употреба кај раните Словени се додека не се најдат повеќе примери за нивните рани пишувања.

Ова исто така го покренува прашањето зошто досега не се појавиле други примероци на ранословенски обиди за пишување. „Објаснувањето би можело да биде дека, во овие германски области, „руни“ буквите обично биле засекувани на метални предмети, како накит, оружје, или на камења“, вели Махачек, додавајќи:

„Но, во словенските области, нивната материјална култура била многу поедноставна. Ги имаме овие гробници за кремирање - нема накит или оружје или нешто слично. Само неколку изгорени коски и саксии. Немаме медиум на кој би можеле да најдеме такво писмо. Ако Словените го користеа и тоа беше многу почесто во ова општество, тие ќе го правеа тоа на дрво или на коски“.

Археолошко ископување во месноста Лани, во близина на градот Брецлав во Чешка
Археолошко ископување во месноста Лани, во близина на градот Брецлав во Чешка

Сосема е можно органските материјали што ги користеле Словените за пишување да недостасуваат сега, бидејќи со текот на времето се распаднале. Откривањето на коската од Лани може да го отвори патот за повозбудливи откритија, особено што истражувачите сега имаат подобра идеја за тоа што бараат.

„Никој не беше заинтересиран да бара натписи на овие коски затоа што немавме идеја дека вакво нешто може да има тука“, вели Махачек и продолжува: „Можеби сега, откако го најдовме ова прво откритие, ние и другите археолози ќе се обидеме да бараме повеќе. Имаме многу коски од вакви населби. Постојат илјадници животински коски, и ова пишување може да се најде и на некои од нив“.

Махачек сугерира дека откривањето на коската од Лани на крајот може да одекне многу подалеку од академските сали. „Овој период на самиот почеток на средниот век е многу важна ера. Тоа е периодот на воспоставување на овие народи и држави во Европа кои постојат до сега. Тие се нашите корени, и затоа е многу чувствителен период“, вели тој.

Понекогаш, оваа енигматична ера во европската историја довела до поедноставени и шовинистички митови за потеклото, кои се покажале проблематични во минатото. Третиот рајх соработувал со некои симболи на Елдер Футхарк како симболи на тевтонската надмоќ.

Јиржи Махачек
Јиржи Махачек

На извесен начин, вели Махачек, тековните истражувања во Лани може да „го отворат нашиот ум, за да можеме да размислиме за нашата заедничка историја и култура“. „Оваа мистерија за рунското писмо беше злоупотребена во Германија од нацистите. Тоа е многу тажна историја, но сега можеби ќе можеме да покажеме дека ова писмо и овие „руни“ букви можеа да бидат почести меѓу разни групи и разни народи. И тие можеби не се поврзани само со германската митологија и германската историја, но може да бидат и дел од заедничкото наследство на луѓето од Централна Европа генерално“.

Махачек вели дека неговиот тим добил средства од Чешката научна фондација за да продолжи со ископувањата во Лани и други локалитети во следните пет години. Тој се надева дека нивната археолошка работа - комбинирана со елементи на културна, јазична и генетска антропологија - може да помогне „да се наслика многу сложен и длабок поглед на оваа стара историја и на овие процеси на градење етнички и социјални групи“.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG