Достапни линкови

Загриженостa од недостигот на храна расте поради пандемијата


Хуманитарните организации велат дека глобалната криза со храна, предизвикана од пандемијата на коронавирус, би можела да биде полоша отколку што се стравуваше првично. Хуманитарците оценуваат дека најсиромашните во светот се соочуваат со „пандемија на глад“ во наредните месеци.

Експертите со месеци предупредуваат на заканата дека пандемијата на коронавирус ќе ја загрози глобалната безбедност кога станува збор за храната.

Сега и Светската програма за храна и Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации велат дека опасноста е полоша отколку што првично се чинело - и оти најранливи се оние кои со години се наоѓаат на работ на глад.

Обединетите нации соопштија дека пандемијата на коронавирус годинава може да турне дури 130 милиони луѓе во хроничен глад.

Коронавирусот ќе предизвика години на немири и глад во најсиромашните земји

Во новиот годишен извештај, ОН соопштија дека бројот на гладните во светот пораснал за 10 милиони.

Извештајот е изработен од пет агенции на ОН кои проценуваат дека околу 690 милиони луѓе, или скоро 9 проценти од светската популација во минатата година гладуваа.

помош во храна за време на пандемијата со ковид-19
помош во храна за време на пандемијата со ковид-19

По неколку години пад, бројот на гладни луѓе почна да расте во 2014 година, а од тогаш тој број се зголеми за повеќе од 60 милиони луѓе. Азија има најмногу гладни луѓе, 391 милион, а во Африка гладните сочинуваат скоро 20 насто од населението.

Повеќе влади бараат помош од Светската програма за храна која упати итен повик за 4,9 милијарди долари дополнително финансирање за да се обезбеди помош од храна до 138 милиони луѓе до крајот на 2020 година.

Се бара отпишување на долговите на сиромашните земји

Тоа би била најголемата мобилизација на помош за храна во историјата на Обединетите нации.

„Влијанието на ковид-19 врз луѓето бара од нас да ги засилиме нашите напори и да обезбедиме поголема помош во храна“, вели директорката за итни случаи на Светската програма за храна Маргот ван дер Велден, додавајќи:

„Она што е застрашувачко е дека врвот треба допрва да дојде. Сè што ќе пропуштиме сега, ќе биде многу потешко да се врати назад“.

Според новиот план на оваа организација, повеќе од половина од помошта ќе биде доставена во форма на ваучери за храна.

пандемијата го нарушува системот на снабдување со храна
пандемијата го нарушува системот на снабдување со храна

„Се додека не се пронајде вакцина, храната е најдобрата вакцина против хаосот“, вели извршниот директор на Светската програма за храна Дејвид Бизли, кој прецизира:

„Без тоа, може да се забележи зголемување на социјалните немири и протести, пораст на миграцијата, продлабочување на конфликтите и недоволна исхрана кај населението кое претходно не беше опфатено со глад“.

На светот му се заканува глад од библиски размери

Хуманитарците велат дека тешкотиите во испорака на храната, среде конфликти и пандемија, дополнително го зголемуваат ризикот од глад во северо-источна Нигерија, Јужен Судан и Јемен.

„Навистина треба да сториме што е можно повеќе и да дојдеме до најранливите што е можно побрзо“, вели ван дер Велден.

Таа смета дека на лицата што се изложени на ризик им е потребен грејс период што ќе им овозможи да преживеат низ најлошата криза.

Во спротивно, предупредува Ван дер Велден, „ќе видиме дека луѓето ќе западнат во несигурни состојби од кои опоравувањето е се потешко. Нема време за губење“.

И други организации за помош издадоа слични предупредувања во последните неколку недели.

ФАО, специјализирана агенција на ОН за борба против гладот и зајакнување на безбедноста на храната, соопшти дека покрај стотици милиони луѓе кои сега се соочуваат со „тешка несигурност со храната“, дополнителни 16 проценти од светското население - повеќе од 1,25 милијарди луѓе - „доживуваат несигурност во храна на умерено ниво“ во услови на пандемија.

Битка за спас на светската економија

„Луѓето кои се делумно безбедни за храна немаат редовен пристап до доволно храна, дури и ако не страдаат од глад“, предупреди ФАО на 13 јули.

Други фактори

ФАО исто така забележува дека несигурноста во пристапот до храна е поголема кај жените отколку кај мажите што се зголемува од 2018 година.

илустрација
илустрација

ФАО наведува дека кризата со глад сепак се очекува да биде полоша од она што се предвидуваше без пандемијата на коронавирус.

„Важно е да се признае дека секоја проценка во оваа фаза е со висок степен на неизвесност и треба да се толкува со претпазливост“, заклучува ФАО.
Во извештајот објавен на 9 јули пак, групата за помош Оксфам пишува дека најмалку 121 милиони луѓе би можеле да бидат турнати на работ на

глад годинава, бидејќи пандемијата предизвикува масовна невработеност и го нарушува производството и снабдувањето со храна.

Оксфам: ковид-19 носи голема глад во светот

Оксфам оценува дека пандемијата со ковид-19 „додаде масло на огнот на веќе растечката криза со глад“ и може да доведе до дополнителни 12.000 смртни случаи од глад секојдневно низ целиот свет.

Во извештајот на Оксфам се идентификуваат 10 „жаришта на глад“ каде што кризата со храна е најтешка и се влошува како резултат на пандемијата.

Станува збор за Јемен, Демократска Република Конго, Авганистан, Венецуела, Западна Африка, Етиопија, Јужен Судан, Сирија, Судан и Хаити. Во овие земји живеат 65% од луѓето кои се соочуваат со глад.

илустрација
илустрација

Во меѓувреме, други експерти предупредуваат дека нема да биде доволно само да се испорачаат храна, финансиски средства или ваучери за да им се помогне на оние кои имаат потреба од тоа.

Стефан Мониер, главен инвестициски директор во женевската банка „Банк Ломбард Одиер“, вели дека „ограничувањата на границите, националните заклучувања и мерките за социјално растојание, го нарушуваат движењето на работници, суровини и готови производи“.

Мониер забележува дека извозните квоти како оние наметнати од Русија, најголемиот светски извозник на пченица, биле дизајнирани да го заштитат домашното производство, но биле исполнети за неколку недели.

Ковид-19: добра превенција и лоша економија

Тој смета дека тоа создало недостиг и зголемувања на цените во економиите во развој кои зависат од испорачувачи на храна во Русија и се „многу ранливи на какви било удари во безбедноста на храната“.

Тоа пред се се однесува на поранешните советски републики во Централна Азија.

„Акција против глад“, меѓународна хуманитарна организација со седиште во Франција, соопшти дека групите за помош мора да работат заедно со заедниците и граѓанското општество за да да бидат изграден „поотпорни системи за здравје, храна и социјална заштита“ и да спречат сегашната криза во иднина прерасне во „пандемија од глад“.

„Ние мора да ја искористиме оваа криза како можност да ги зајакнеме овие системи, да ги спречиме идните појава и кризи на глад“, велат од оваа група.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG