Достапни линкови

Украина „притиска“ со барањето за повеќе оружје од НАТО


Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба до генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба до генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг

Оружје, оружје и оружје, се трите точки на агендата на украинскиот министер за надворешни работи кои ги побара од земјите членки на НАТО на денешниот состанок во Брисел. Во меѓувреме жестоките битки во Украина продолжуваат, а властите повикуваат на евакуацуја на областа Донбас.

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ги повика земјите членки на НАТО да му го дадат на Киев сето оружје што му е потребно во неговата битка со руските сили, додека неиспровоцираната инвазија на Владимир Путин врз Украина влезе во седмата недела на 7 април.

„Мојата агенда е многу едноставна. Има само три точки на неа. Нивното оружје, оружје и оружје“, им рече Кулеба на новинарите во седиштето на НАТО во Брисел пред почетокот на денешниот состанок.

Тој повика на испраќање на повеќе авиони, системи за противвоздушна одбрана, ракети и воени возила од сојузниците на НАТО пред средбата со министрите за надворешни работи на НАТО. Кулеба, исто така, рече дека Украина ќе продолжи со барањата од Западот за ембарго за нафта и гас кон Русија.

„Ние ќе продолжиме да инсистираме на целосно ембарго за нафта и гас“, изјави тој.

Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок изјави дека НАТО разговара за тоа како да ја зголеми својата помош за Украина со „различно воено оружје“.

„Внимателно гледаме со нашите партнери како можеме да ја поддржиме Украина во иднина, поинтензивно и покоординирано бидејќи тие имаат право на самоодбрана и ние ќе го поддржиме ова право на самоодбрана заедно со различни партнери“, изјави Баербок.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера во своето обраќање предупреди дека руската војска ги зајакнува своите сили за нова офанзива на исток, каде што Кремљ соопшти дека целта е да го „ослободи“ Донбас, индустриското срце на Украина.

„Ќе се бориме и нема да се повлечеме. Ќе ги бараме сите можни опции за да се браниме додека Русија не почне сериозно да бара мир. Ова е наша земја. Ова е нашата иднина. И ние нема да се откажеме од нив“, изјави Зеленски

Зеленски до Советот за безбедност на ОН: Нема злосторство кое не е сторено во Буча

Шестнеделната инвазија на Русија досега принуди над 4 милиони да избегаат во странство, уби или рани илјадници, остави четвртина од населението без покрив над главата, ги претвори градовите во урнатини и поттикна голем број западни ограничувања врз руските елити и руската економија.

Во „подрум за егзекуција“ во Украина
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:00 0:00


Претходно, неделава, беше предизвикан и дополнителен меѓународен гнев, откако се појавија страшни слики од мртви цивили на улиците на Буча, град североисточно од Киев, повторно заземен од руските напаѓачи.

Локалните власти велат дека повеќе од 300 луѓе биле убиени од руските сили само во Буча. Кремљ ги дематира таквите обвинувања со посочување дека тие се лажни, без при тоа да понуди докази за твредењето.


Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан денеска изјави дека го повикал рускиот амбасадор во Париз поради, како што вели, „безобразен“ твит со кој се обидел да го прикаже масакрот во Буха како лажен.

„Соочен со непристојната и провокативна комуникација од руската амбасада во Франција за злосторствата во Буча, решив да го повикам рускиот амбасадор“, напиша првиот човек на Франција на социјалната мрежа Твитер.

Киев нареди итна евакуација на жителите од истокот, САД со нови санкции за Русија

Во меѓувреме, украинските власти ги повикаа луѓето што живеат во Донбас веднаш да се евакуираат.

„Подоцна, луѓето ќе бидат нападнати, и ние нема да можеме да направиме ништо за да им помогнеме“, изјави вчера вицепремиерката Ирина Верешчук.

Претставник на американската одбрана, кој сакаше да остане анонимен, рече дека Русија го завршила повлекувањето на сите свои околу 24.000 или повеќе војници од областите Киев и Чернихив на север, испраќајќи ги во Белорусија или Русија за да се надополнат и реорганизираат, веројатно за да се вратат да се борат во истокот.

Злосторствата во киевското предградие Буча
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:18 0:00

САД: Русија ги „репозиционира“ силите за офанзива на истокот и југот на Украина

Генералното собрание на Обединетите нации денеска ќе го разгледува барањето за суспендирање на Русија од Советот за човекови права на ОН.

Соединетите Држави и нивните западни сојузници воведоа нови санкции против Кремљ поради убиствата што ги означија како воени злосторства.

Столтенберг предупреди дека Русија се фокусира на источна Украина

Велика Британија ги забрани инвестициите од Русија и вети дека ќе ја прекине зависноста од рускиот јаглен и нафта до крајот на годината.

Соединетите Американски Држави и Обединетото Кралство го бојкотираа неформалниот состанок на Советот за безбедност на ОН на 6 април, повикан од Русија за да ги искаже своите неосновани тврдења дека САД имаат лаборатории за биолошка војна во Украина.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG