Турција, чуварот на влезот во Црно Море, меѓу НАТО и Русија
Со зголемувањето на тензијата околу можната руска инвазија врз Украина, Турција може да има клучна улога за распоредувањето воени бродови во Црно Море. Турција го контролира Босфор, единствената порта кон Црно Море, па во случај на конфликт, ќе се најде под притисок од НАТО сојузниците, но и од Русија.