Достапни линкови

Тивки моменти од Одеса: украинскиот пристанишен град ја чека својата судбина

Додека беснеат битки во регионот Донбас во источна Украина, луѓето кои живеат во стратешкиот пристанишен град на Црното Море, Одеса се обидуваат да живеат што е можно понормално. Одеса беше погодена од руски ракети, но градот досега беше поштеден од поголеми напади. Со знаци „опасност, мини“ што ги означуваат нејзините плажи, вреќи со песок што ги штитат историските местата и сирени за воздушни напади што ги предупредуваат граѓаните за проектили кои доаѓаат, жителите на Одеса ги живеат своите животи знаејќи дека тивките моменти на нормалност може да завршат.

Историскиот град Одеса, основан во 1794 година од страна на Катерина Велика на брегот на Црното Море, е познат по своите Потемкини скали, неверојатна архитектура и пријатни плажи. Исто така, неволно ја чека својата судбина додека гледа на исток, каде градовите како Мариупол и Херсон се оставени во урнатини од руската инвазија врз Украина. Ако Русија успее да ја освои Одеса, тоа ќе биде стратешка воена награда, со што ќе се стави крај на способноста на Украина да го користи Црното Море.


Вчитај повеќе

16x9 Image

Гоце Атанасов

Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

Категории

XS
SM
MD
LG