Достапни линкови

Студентски изум за еколошки транспорт награден во Сеул


Студентски изум - Велосипед со филтер за прочистување на воздух
Студентски изум - Велосипед со филтер за прочистување на воздух

Шестмина студенти од Машински Факултет направија „филтер за воздух вграден во велосипедско тркало“ и освоија два златни медала на 12. меѓународна изложба на иновации „KIWIE 2019“, што се одржа во Сеул, Јужна Кореја, информираа од Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје.

Изумот е изработен од Ина Крстевска, Филип Попоски, Марко Насески, Мартин Спасовски Игор Џамбаски и Александар Јанковиќ, заедно со вон. проф д-р Иле Мирчески и дип. маш. инж. Тошко Ристов.

„Пронајдокот на 12-та по ред меѓународна изложба „KIWIE 2019“ одржана во Сеул, Јужна Кореја во периодот од 20 до 23 јуни 2019, во организација на Корејската асоцијација за жени пронајдувачи KWIA и поддршка од Корејскиот завод за интелектуална сопственост KIPO и светската организација за интелектуална сопственост WIPO се здоби со златен медал од страна на Меѓународната комисија составена од експерти во дадената област. златен медал со диплома од страна на Асоцијацијата за промоција на пронајдоци и иновации од Индонезија и диплома за најдобар пронајдок од страна на Центар за Жени иноватори на Узбекистан“, соопштија од факултетот.

Тимот го именуваше велосипедот со филтерот како „ГЕТ велосипед“. Филтерот е вграден во држачите на тркалото и со ротација на тркалото се прима воздухот и се задржуваат некои честички, а тој потоа се испушта прочистен.

„Основата на оваа иницијатива е на граѓаните да им се понуди нова услуга, која овозможува алтернативен начин за движење во градската средина. Со развивање на услугата, директно се развива и нов производ. Односно целта на овој проект е развивање на градски систем на електрични велосипеди кои ќе го прочистуваат воздухот со филтри, паралелно намалувајќи го бројот на автомобили во градскиот сообраќај“, објаснуваат иноваторите за својот ГЕТ систем.

XS
SM
MD
LG