Поради претстојните предвремени избори во Северна Македонија, македонско-бугарската мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, произлезена од Договорот за добрососедство, паузира. До продолжувањето на нејзината работа, остануваат отворени и многу прашања - од тоа чии се Гоце Делчев и Даме Груев до ставот на бугарската академија на науките дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот. Со тоа целта на Договорот, зближувањето на Софија и Скопје, е се подалечна, а особено откако, како што вели Историчарот Драги Ѓоргиев, претседателот на македонскиот тим во Комисијата, се замешала политиката и место релаксирани односи се појавиле тензии.
Пролетта ќе ја чекаат и новиот дијалог, но и бугарската влада и нејзиното Собрание, кои усвоија декларација за поддршка на Северна Македонија за влез во ЕУ, но со низа услови - промена на учебниците по историја и географија, тргање на спомен плочите на кои пишува бугарски фашистички окупатор и други. До новите комисиски состаноци останува старото - исти личности и настани, различни истории и политики.