Достапни линкови

Се радувате ли воопшто на нешто? - вие коментирате


Трка на дедомразовци во Скопје
Трка на дедомразовци во Скопје

Кога и трката на дедомразовците е на мета на критики прашањето за расположението на граѓаните е сосема на место.

Во стилот на предновогодишната атмосфера, денешниот преглед на вашите објави на ФБ страницата на РСЕ ја почнуваме со коментарите за трката на Дедомразовци што по една година пауза поради пандемијата со Ковид 19 се одржа на плоштадот „Македонија“.

Манифестацијата ја организираше здружението за спорт и рекреација Прв до врв со подршка на град Скопје. Барем според коментарите, човек може да се праша дали нашите граѓани воопшто се радуваат на нешто? Цеце Велјановска Тасеска во два коментара напишала: „Сѐ е тамам во државава уште до дедомразовци ни фалеа“ и „Кои ретарди се тие организатори и учесници“. Блажо Хогар Страшниот ѝ одговорил со критика: „Медицинско лице кое користи термин РЕТАРДИ. Интересно“. Марјан Дончев, очигледно неиформиран прашува: „Кој ги финансира овие глупости, Владата или Град Скопје? Организаторите ќе се офајдат, а овие за еден костум на Дедо Мраз ќе трчаат како будали“.

Неделното интервју е со Трајко Славески од ВМРО-ДПМНЕ, едно време министер за финансии во Владата на Никола Груевски предизвика доста негативни коментари со критиката на буџетот за кој вели дека е како дупната вреќа за оваа година, а таков ќе бил и за следната и дека „новиот владин тим тешко ќе се носи со проблемите поради тешкото наследство на Заев“.

Славески - Буџетот е како дупната вреќа
please wait

No media source currently available

0:00 0:13:29 0:00

Како што вели. Џемал Џафероски оценува: „Буџет за арамии, кога имало за скапаниот народ...“ Дејан Димковски налутено: „Оди бре бегај, еднаш те видовме“, а Владимир Паликуќовски потсетува: „...те видовме со Грујо“. Ленин Толомамноски порачува: „Сите сте исти, мислите само за ваши џебови“. Трајче Мојсов го нарекува Славески „рекламен патриот“ кој заборавил дека бил сменет. Блажо Хогар Страшниот и овде реагира на објавата на Никола Миланов кој смета дека Владиниот тим е „збирштина...“: „Имаше професорот прилики и прилики да се истакне на дело, вака само со муабет и јас знам...“


Анализата на РСЕ за тоа дека „Три македонски банди го држат црниот пазар со дрога“, што, како што наведува поранешниот полициски началник, Љубомир Ѓурчевски, тежи стотици милиони евра, покажува што мислат нашите посетители за политичките партии, па се развила дебата: Дејан Велковски кратко напишал: „СДС и ДУИ“, а Зенит Адеми додал: „Еден заборави - ДПМНЕ“. Дејан Велковски му одговара со смешко што се смее низ заби: „Уште не се на власт“. Зенит Адеми не попушта, па и тој со смешко но со широка насмевка постирал: „Ако не се на власт, имаат свои луѓе“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG