Достапни линкови

Руска инвазија врз Украина

  • Американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека НАТО не сака конфликти, но дека ќе ја брани секоја педа од својата територија, а шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, побара итно повлекување на руските трупи од Украина
  • ОН отвори истрага за руското кршење на човековите права во Украина, а Кремљ упати повик до Русите за поддршка за претседателот Путин
  • Украинските власти соопштија дека е изгаснат пожарот во нуклеарката Запорожја по нападот од руските трупи, по што централата била заземена од руските сили
  • На втората рунда преговори Русија и Украина се договориле само за хуманитарни коридори, а во текот на ноќта руски сили отвориле оган кон нуклеарната централа Запорожја по што избувнал пожар
  • Во ново видео обраќање, претседателот Володимир Зеленски рече дека украинската одбрана се држи, а шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров нагласи дека Русија нема да трпи закани наредени од САД
  • На осмиот ден од инвазијата, руските сили го освоиле градот Херсон, а Меѓународниот кривичен суд отвори истрага за потенцијални воени злосторства на Русија
  • Генералното собрание на Обединетите нации со големо мнозинство гласаше за резолуција со која најостро се осудува неиспровоцираната инвазија на Русија врз Украина
13:54 24.2.2022

Портпаролот на Кремљ вели дека Украина мора да се „демилитаризира“

Портпаролот на Кремљ Дмитри Песков
Портпаролот на Кремљ Дмитри Песков

Кремљ денеска ја повтори претходната изјава на рускиот претседател Владимир Путин дека целта на инвазијата врз Украина од руските цели е „демилитаризација и денацификација на Украина“.

„Идеално, Украина мора да биде ослободена и исчистена од нацисти, нацистички ориентирани луѓе и идеологии“, изјави денеска портпаролот на Кремљ Дмитри Песков.

14:11 24.2.2022

Литванскиот претседател прогласи вонредна состојба

Литванскиот претседател Гитанас Науседа
Литванскиот претседател Гитанас Науседа

Литванскиот претседател Гитанас Науседа прогласи вонредна состојба, објави Ројтерс.

Науседа вели дека планира да ја испрати војската да ги брани своите граници како одговор на „можните пореметувања и провокации поради големиот број воени сили натрупани во Русија и Белорусија“.

14:17 24.2.2022

Столтенберг - НАТО ќе го брани „секој сантиметар“ од територијата на Алијансата

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека рускиот напад врз Украина го нарушил мирот во Европа и вети дека Алијансата ќе го брани „секој сантиметар“ од територијата на членките.

„Мораме да одговориме со обновена решителност и уште посилно единство“, рече Столтенберг на прес-конференција по одржувањето на итниот состанок на амбасадорите на НАТО во Брисел.

14:31 24.2.2022

Мицкоски - Територијалниот интегритет на Украина мора да се почитува, сите прашања да се решат по дипломатски пат

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Територијалниот интегритет на Украина, како и на секоја суверена земја е константа и мора да се почитува, а сите различни ставови во поглед на актуелните прашања да се решат по дипломатски пат, напиша на Фесбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG