Достапни линкови

Руска инвазија врз Украина

  • Американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека НАТО не сака конфликти, но дека ќе ја брани секоја педа од својата територија, а шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, побара итно повлекување на руските трупи од Украина
  • ОН отвори истрага за руското кршење на човековите права во Украина, а Кремљ упати повик до Русите за поддршка за претседателот Путин
  • Украинските власти соопштија дека е изгаснат пожарот во нуклеарката Запорожја по нападот од руските трупи, по што централата била заземена од руските сили
  • На втората рунда преговори Русија и Украина се договориле само за хуманитарни коридори, а во текот на ноќта руски сили отвориле оган кон нуклеарната централа Запорожја по што избувнал пожар
  • Во ново видео обраќање, претседателот Володимир Зеленски рече дека украинската одбрана се држи, а шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров нагласи дека Русија нема да трпи закани наредени од САД
  • На осмиот ден од инвазијата, руските сили го освоиле градот Херсон, а Меѓународниот кривичен суд отвори истрага за потенцијални воени злосторства на Русија
  • Генералното собрание на Обединетите нации со големо мнозинство гласаше за резолуција со која најостро се осудува неиспровоцираната инвазија на Русија врз Украина
09:42 24.2.2022

Пренасочен авио-сообраќајот над Украина

10:09 24.2.2022

Противречни извештаи за жртви и повредени откако Русија ја нападна Украина

Има бројни спротивставени тврдења за повредни, смртни случаи и соборувања на авиони, од кои многу не можеше да бидат независно потврдени. Украинското Министерство за внатрешни работи соопшти дека седум војници загинале во првичните воздушни напади и дека уште 15 биле повредени. Се наведува дека 19 војници се водат за исчезнати и дека е уништен мостот на реката Инхулетс. Целата вест ТУКА

10:10 24.2.2022

10:40 24.2.2022

Жителите на Мариупол стравуваат за својата безбедност, некои си заминуваат

Жителите на Мариупол чекаа редици пред банкоматите и побрзаа да го напуштат градот откако руските војници во четвртокот започнаа опсежен напад врз Украина. Многумина беа очигледно испаничени од ескалацијата на непријателствата и велат дека не знаат каде да одат или што да прават.

Жителите на Мариупол стравуваат за својата безбедност, некои си заминуваат
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:08 0:00

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG