Рускиот олигарх Дерипаска повика на крај на војната против Украина
Рускиот милијардер Олег Дерипаска, познат по блиските врски со претседателот Владимир Путин, повика на крај на војната во Украина.
„Мирот е многу важен! Лудо е да се пролонгираат (мировните) преговори“, напиша тој во денешната објава на Телеграм.
Украина на преговорите побарала прекин на огнот и хуманитарни коридори
Украинските преговарачи на денешните разговори со руските претставници во западниот белоруски регион Брест побарале прекин на огнот и хуманитарни коридори за евакуација на граѓаните кои се опколени за време на инвазијата.
ЕУ одобри мерки за заштита на украинските бегалци
Европската унија денеска ги одобри мерките што обезбедуваат привремена заштита на стотиците илјади бегалци од Украина кои доаѓаат во блокот за да ја избегнат руската инвазија. Комесарот за внатрешни работи на ЕУ, Илва Јохансон ја објави одлуката по состанокот на министрите за внатрешни работи од 27-те членки на блокот.
Зеленски: Подготвени сме да разговараме за сите точки
Украинскиот претседател Володимир Зеленски говорејќи за денешните преговори со Русија изјави дека не се работи за условите кои ги поставува нивниот сосед туку за за поентата зад секое прашање. „Ние сме подготвени, како што реков, да разговараме за сите овие точки“, рече тој.