Навални повика на секојдневни протест против руската инвазија врз Украина
Затворениот руски опозиционер Алексеј Навални повика на секојдневни протести против неиспровоцираната руска инвазија врз соседна Украина, велејќи дека Русија не може да стане „земја на исплашени тивки луѓе. Во долгата низа објави на Твитер денеска, критичарот на Кремљ остро го нападна претседателот Владимир Путин, кого го нарече „очигледно луд цар“.
Русите бомбардираат цивилни цели - сведочат жителите на Харков
Руските сили неколку дена жестоко го гранатираат Харков, вториот по големина град во Украина. Локалните жители во страв и неверување зошто паѓаат бомби и гранати и врз станбени објекти. Има десетици жртви.
БиХ се усогласи со првиот пакет ЕУ-санкции за Русија, објави Борел
Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за заедничка надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел, потврди дека и Босна и Херцеговина ја почитувала одлуката за воведување санкции против Русија. Тој го наведе тоа во Декларацијата за усогласување на одредени земји во врска со рестриктивните мерки во однос на руските акции кои ја дестабилизираат ситуацијата во Украина.
Црна Гора се приклучува на санкциите на ЕУ против Русија
Црногорското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека земјата се приклучила на санкциите што Европската унија ги воведе против Русија по нејзиниот напад врз Украина.