Србија ќе се приклучи на одлуките на ОН за Украина, но не и на санкциите за Русија
Србија ќе се приклучи на сите одлуки на Генералното собрание на ОН кои се однесуваат на нарушувањето на територијалниот интегритет на Украина, но не и на санкциите против Русија, изјави денеска претседателот на земјата, Александар Вучиќ.
Македонското семејство со новороденче го напуштило Харков
Mинистерот за надворешни работи Бујар Османи информира дека семејството Спирковски со новороденче кое има само неколку дена и кое било во најтешка состојба го напуштило Харков и е дел од посебен безбедносен коридор. „Тие со на безбедно и се во добра состојба“, информираше Османи.
Масивен руски конвој во близина на Киев
Сателитски снимки од Maxar Technologies покажуваат конвој на руски воени возила и артилерија во должина од 60-тина километри и веќе е близу до Киев. Украинците проценуваат дека се подготвува голем напад врз главниот град.
Десетици загинати цивили при интензивното гранатирање на Харков
Украинскиот министер за внатрешни работи соопшти дека десетици цивил загинале при жестокото гранатирање на вториот по големина град во Украина, Харков. Аналитичарот Руслан Левиев изјави за РСЕ, дека руските сили ги интензивирале гранатирањата бидејќи копнената офанзива им е во застој