Достапни линкови

Руска инвазија врз Украина

  • Американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека НАТО не сака конфликти, но дека ќе ја брани секоја педа од својата територија, а шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, побара итно повлекување на руските трупи од Украина
  • ОН отвори истрага за руското кршење на човековите права во Украина, а Кремљ упати повик до Русите за поддршка за претседателот Путин
  • Украинските власти соопштија дека е изгаснат пожарот во нуклеарката Запорожја по нападот од руските трупи, по што централата била заземена од руските сили
  • На втората рунда преговори Русија и Украина се договориле само за хуманитарни коридори, а во текот на ноќта руски сили отвориле оган кон нуклеарната централа Запорожја по што избувнал пожар
  • Во ново видео обраќање, претседателот Володимир Зеленски рече дека украинската одбрана се држи, а шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров нагласи дека Русија нема да трпи закани наредени од САД
  • На осмиот ден од инвазијата, руските сили го освоиле градот Херсон, а Меѓународниот кривичен суд отвори истрага за потенцијални воени злосторства на Русија
  • Генералното собрание на Обединетите нации со големо мнозинство гласаше за резолуција со која најостро се осудува неиспровоцираната инвазија на Русија врз Украина
15:57 28.2.2022

Швајцарија се приклучи на санкциите на ЕУ кон Русија

Протест во Берн против инвазијата на Русија врз Украина
Протест во Берн против инвазијата на Русија врз Украина

Традиционално неутрална Швајцарија ќе ги усвои сите санкции што веќе ги воведе Европската унија кон Русија поради нејзината инвазија врз Украина, вклучително и против претседателот Владимир Путин, изјави во понеделникот швајцарскиот претседател Игнацио Касис, а пренесува Агенцијата Франс Прес.

„Ова е голем чекор за Швајцарија“, рече Касис на прес-конференција, откако неутралната алпска држава со денови се двоумеше дали да се приклучи на меѓународниот потег за санкционирање на Москва поради нападот врз нејзиниот сосед.

14:48 28.2.2022

ЕУ порача Србија да се усогласи со одлуките за санкции кон Русија

Илустрација
Илустрација

Европската унија очекува официјален Белград да се усогласи со одлуките за воведување на санкции кон Русија поради војната во Украина, беше порачано во Брисел.

„Очекуваме сите земји кои сакаат поблиски односи со ЕУ да бидат усогласени со нашата политика на санкции“, изјави главниот портпарол на Европската комисија Ерик Мамер.

14:43 28.2.2022

МНР ги повикува македонските граѓани да ја напуштат Русија

Македонското Министерство за надворешни работи упати апел до македонските граѓани кои престојуваат на територијата на Руската Федерација, да ги искористат сè уште расположливите комерцијални летови, копнени и морски линии за напуштање на таа земја.

14:25 28.2.2022

Со нови задолжувања против економските последиците од војната во Украина

Илустрација
Илустрација

Руската инвазија врз Украина индиректно ќе ја погоди и македонската економија, но државата нема многу механизми да се спротивстави на тоа. Трговските врски со овие две земји не се многу значителни, па директниот удар нема да биде голем, но индиректно, војната може да влијае на зголемување на цените на енергенсите, храната и да ја забави европската економија, од што последици ќе има и Македонија.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG