Чешка и Холандија со воена помош за Украина
Чешка и Холандија објавија дека планираат да достават поголема воена помош за Украина, која се соочува со инвазија од Русија. Чешкото Министерство за одбрана соопшти дека веднаш испраќа митралези, автомати и пиштоли заедно со муниција вредна околу 8,6 милиони долари.
Османи: Евакуирани нашите дипломати од Украина
Министерот за надворешни работи Бујар Османи информира денеска дека успеале да ги извлечат нашите дипломати во Украина преку безбедносен коридор.
„Ситуацијата, посебно во текот на ноќта во Киев е влошена. Ние одлуката за евакуација на нашите дипломати ја имаме донесено на денот на руската агресија во Украина, но поради отежнатите околности тие не беа во состојба да ја напуштат Амбасадата. Целиот овој период беа во скривница. Ние потоа преземавме неколку координации со наши партнери и успеавме пред половина час да ги извлечеме нашите дипломати преку безбедносен коридор и тие се веќе тргнати кон Молдавија“, рече Османи.
Оштетени возила, објекти и остатоци од руско оружје во Киев
Медведев: На Русија повеќе не и требаат дипломатски врски со Западот
На Русија повеќе не и требаат дипломатски врски со Западот, откако се воведоа санкции кон Москва поради, како што ја нарече, руската воена операција во Украина, изјави поранешниот претседател и втор човек на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев.
Медведев, пишувајќи на социјалните мрежи, наведе дека е време да се „заклучат амбасадите“.