Достапни линкови

Руска инвазија врз Украина

  • Американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека НАТО не сака конфликти, но дека ќе ја брани секоја педа од својата територија, а шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, побара итно повлекување на руските трупи од Украина
  • ОН отвори истрага за руското кршење на човековите права во Украина, а Кремљ упати повик до Русите за поддршка за претседателот Путин
  • Украинските власти соопштија дека е изгаснат пожарот во нуклеарката Запорожја по нападот од руските трупи, по што централата била заземена од руските сили
  • На втората рунда преговори Русија и Украина се договориле само за хуманитарни коридори, а во текот на ноќта руски сили отвориле оган кон нуклеарната централа Запорожја по што избувнал пожар
  • Во ново видео обраќање, претседателот Володимир Зеленски рече дека украинската одбрана се држи, а шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров нагласи дека Русија нема да трпи закани наредени од САД
  • На осмиот ден од инвазијата, руските сили го освоиле градот Херсон, а Меѓународниот кривичен суд отвори истрага за потенцијални воени злосторства на Русија
  • Генералното собрание на Обединетите нации со големо мнозинство гласаше за резолуција со која најостро се осудува неиспровоцираната инвазија на Русија врз Украина
09:04 25.2.2022

УЕФА на вонреден состанок за политичката ситуација во Украина

Меѓу другото, ќе се разговара и за тоа дали на Русија ќе ѝ биде одземена организацијата на финалниот натпревар од Лигата на шампионите, кој треба да се одигра на 28 мај во Санкт Петербург.

08:36 25.2.2022

08:30 25.2.2022

Советот за безбедност на ОН ќе гласа за осуда на Русија

Советот за безбедност на Обединетите нации се очекува денеска да гласа за резолуцијата подготвена од САД со која се осудува Русија за инвазијата врз Украина и бара од Москва „веднаш, целосно, безусловно“ да се повлече од Украина

07:56 25.2.2022

Фотогалерија: Украински цивили во засолниште во метрото во Киев

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG