Достапни линкови

„Пустински“ Козјак


Езеро Козјак
Езеро Козјак

Котлина со испукана и сува глина е новиот изглед на едниот крај од вештачкото езеро Козјак. Кога ќе влезете во природниот резерват Јасен од Долна Белица на неколку метри од лева страна ќе ги забележите овие „пустински“ делови. Најголемото вештачко езеро по површина, длабочина и должина во Републиката се повлекува поради четиримесечната суша.

На местата каде е повлечена водата може да се забележат остатоци од дрвја кои пред 15 години биле исечени за да се направи акумулацијата.

Тука може да се забележат и траги од богатиот див животински свет во околината.

Нашата екипа разговараше со рибар, еден од ретките тој ден во овие предели. Прилепскиот рибар ни откри дека тој често доаѓа во таа околина. За него, оваа слика е традиционална - вели дека секоја година се повлекува езерото, особено ако нема дожд. Но, сликата е „апокалиптична“, ако претходно не сте го виделе повлекувањето на езерото.

Шетајќи ги исушените делови ќе наидете и на пластични шишиња и гуми од возила.

XS
SM
MD
LG