Највисока излезност во Скопје има во Карпош, најмала во Шутка и во Сарај
Најголема излезност до 17 часот на претседателските избори од скопските општини има во Карпош, каде што на гласање излегле 43,51 отсто од регистрираните избирачи. Во Центар гласале 43,39 отсто, Аеродром 41,05 отсто, Кисела Вода 41,15 проценти, Ѓорче Петров 39,13 отсто, Гази Баба 36,75 отсто, Бутел 34,58 проценти, во Чаир излегле 24,55 отсто, во Шуто Оризари 16,98 проценти и во Сарај 16,68 проценти.
Излезноста до 17 часот 35,13 отсто
Излезноста на денешното гласање на претседателските избори до 17 часот е 35,13 проценти од вкупниот број на запишани избирачи. Портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска информираше дека дека до моментот на одржувањето на прес-конференцијата биле пристигнати 79,73 проценти од податоците на избирачките места.
Во Охрид до 17 часот гласале 44,6 отсто од граѓаните со право на глас
Излезноста на изборите во Охрид до 17 часот била 44,6 отсто, соопшти претседателот на Општинската изборна комисија, Климент Камнароски.