Во штипско поголема излезност од просекот во Македонија
Излезноста во Штип до 15 часот била 35,5 отсто, во Свети Николе 40,14 проценти, во Пробиштип до 15 часот гласале 40,03 проценти, а во Карбинци 33,53 проценти.
Излезноста во Македонија до 15 часот била 28,89 отсто.
Мала излезност во тетовско
Во Јегуновце до 15 часот излезноста на претседателските избори била 21,8 отсто, во Општина Брвеница 20,9 проценти, Општина Тетово 19,83 отсто, Теарце 15,48 отсто, Боговиње 12,12 отсто, а во Желино 10,06 отсто.
Излезноста во Македонија до 15 часот била 28,89 отсто.
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 28,89 проценти
Претседателот на ДИК, Оливер Деркоски соопшти дека излезноста на претседателските избори до 15 часот изнесува 28,89 проценти. Досега како што наведе се одработени гласовите од 2720 избирачки места и вкупниот број на гласачи изнесува 396 252.
Во Дебар, Центар Жупа и во Маврово – Ростуше и печалбари дојдоа на гласање
Во најзападниот регион од нашава земја – општините Дебар, Центар Жупа и Маврово – Ростуше, на гласачките места може да се видат и значаен број на печалбари кои се на работа во земји од ЕУ. Според туристичките агенции во Дебар, тие во родниот крај се пристигнати пред два дена и во најголем број се од Италија. Во разговорот што го имавме со неколку печалбари бевме информирани дека нивниот престој во родниот крај е поради празниците за Католичкиот Велигден, но и поради интересот за гласање.