МОСТ: Гласањето се одвива во најдобар ред, без посериозни неправилности
Гласањето на првиот круг од Претседателските избори се одвива во најдобар ред, без сериозни неправилности, а одѕивот до 13 часот изнесува 20,8 проценти, покажуваат информациите од набљудувачите и регионалните канцеларии на граѓанската асоцијација МОСТ.
Што би промениле доколу сте претседател? Што ги мачи најмногу младите?
Во Новаци на гласање и со патерици
Гласачот кусо ни рече дека излегол да гласа бидејќи му е важна иднината на државата.
Гласањето без проблеми, најголема излезност во Прилеп, најмала во Липково
Излезноста на денешното гласање на претседателските избори до 13 часот е 20,45 проценти од вкупниот број на запишани избирачи. Портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска информираше дека до моментот на одржувањето на прес-конференцијата биле пристигнати податоци од 75,57 проценти од избирачките места на кои гласале 284 942 гласачи. Само едно гласачко место во Студеничани не е отворено и таму не се гласа.
„На сите гласачки места гласањето тече непрекинато и без проблеми“, рече Гугучевска.