Ковид 19: Една година од прогласувањето глобална пандемија
Пред една година, на 11-ти март, СЗО прогласи глобална пандемија на Ковид 19. Вирусот најнапред се појави во кинески Вухан, во декември 2019-та, а потоа во Иран и во Италија на почетокот на 2020-та, по што, се рашири во целиот свет. По една година, Ковид 19 сеуште не е ставен под контрола, се појавија и мутации, вакцинирањето оди бавно, а во некои земји не е ни почнато.