Сегашните дејствувања на фармацевтските компании и на богатите земји значат дека милијарди луѓе кои се изложени на ризик од ковид-19 најверојатно нема да добијат вакцини оваа година, соопшти Амнести Интернешнл во врска со новата глобална кампања на оваа организација која повикува на универзален пристап до вакцини.
Почна поделбата на ковид вакцините преку Ковакс, прва доби Гана
Притоа се повикуваат фармацевтските компании да ги споделат своите знаења и технологија за да го зголемат бројот на достапни дози на вакцини ширум светот. Исто така, се повикуваат државите да престанат да се вклучуваат во таканаречниот „вакцински национализам“ и да работат заедно за да се осигура дека оние кои се изложени на најголем ризик од ковид-19, ќе имаат пристапат до вакцините.
Интересите на моќните држави и компании
„Кој добива пристап до вакцината, кога и по која цена, се едни од најзначајните и најспорни прашања со кои се соочуваат нашите општества денес. Но, одговорите се обликуваат според интересите на моќните држави и компании“, вели Стивен Кокбурн, раководител за економска и социјална правда во Амнести Интернешнл, додавајќи:
„Неколку богати земји се натпреваруваат, додека остатокот од светот се бори да излезе од кризата. Кога станува збор за нашето право на здравје, нема место за дискриминација“.
Богатите земји откупија над половина од снабдувањето со вакцини во светот, иако тие претставуваат само 16 проценти од светската популација. Истите земји досега администрирале над 60% од светските дози, додека над 100 земји допрва треба да почнат да вакцинираат.
„На никој не смее да му биде забранет пристап до здравствената заштита, вклучително и до вакцините, заради тоа каде живее, кои се или што заработуваат. Со доволно притисок врз вистинските луѓе, можеме да обезбедиме системите за вакцинација да ги гарантираат и човековите права“, рече Стивен Кокбурн.
Споделување на знаење и технологија
Милијарди долари на даночните обврзници се потрошени за да им се помогне на компаниите како АстраЗенека, Фајзер, БиоНТек и Модерна, да развиваат и произведуваат вакцини, но ,сепак, овие компании - и други - одбиваат да ги споделат своите истражувања, знаења и технологија.
Ова значи дека другите фармацевтски компании не можат да го искористат овој напредок во науката за да го засилат сопственото производство на вакцини, што за возврат ќе ја зголеми понудата, така што тие ќе бидат достапни за земјите со помали буџети.
СЗО ја одобри вакцината на АстраЗенека од Индија и Јужна Кореја
На пример, во мај 2020 година, Светската здравствена организација воспостави „базен“ за пристап до технологијата против ковид-19 со цел компаниите да можат да здружуваат податоци и знаење, а потоа да лиценцираат производство и трансфер на технологија на други потенцијални производители, со цел да се обезбеди луѓето насекаде можеа побрзо да пристапат до вакцините.
Сепак, досега ниту една фармацевтска компанија не се приклучи на оваа иницијатива.
Владите мора да ги исполнат своите обврски за човекови права и да го поддржат глобалниот договор што ги регулира правата на интелектуална сопственост, кој често ограничува каде, кога и како се произведуваат лекови.
Ова одрекување ќе го укине спроведувањето на патентите и заштитата на интелектуалната сопственост кои во моментов создаваат пречки други фирми да произведуваат вакцини против ковид-19.
Со тоа длабоките поделби и нееднаквостите меѓу земјите и заедниците станаа уште повеќе разоткриени. И, оние кои се изложени на најголем ризик страдаат бидејќи некои земји и фармацевтски компании продолжуваат нивен приоритет да бидат билатералните зделки пред да се обезбеди сите луѓе во секоја земја да имаат фер пристап до вакцините против ковид-19.
Една година откако СЗО го прогласи ковид-19 за пандемија
„Додека ја одбележуваме годишнината од прогласувањето на пандемијата, не можеме да стоиме и да гледаме како се развива оваа трагедија“, вели Тамарин Нелсон, советник за здравство на Амнести Интернешнал.
„Среде трката на владите најпрвин да ги вакцинираат своите популации и строгата контрола на фармацевтската индустрија врз нејзините патенти, забораваме дека животот на луѓето е загрозен. Никој не е безбеден се додека не бидеме сите безбедни. Време е фармацевтските компании и државите да ги исполнат своите одговорности и обврски за човековите права, оценува Нелсон.