На 14 јуни, новата црква на руските вооружени сили беше осветена. Храмот и соседниот музеј се изградени во Патриотскиот парк, воено-тематски комплекс 60 километри од Москва, за одбележување на 75-годишнината од победата во Втората светска војна. Изградбата на црквата е обвиена во контроверзии, од отстранетиот мозаик на кој е прикажан рускиот претседател Владимир Путин до прашања во врска со финансирањето. Првично, церемонијата на осветување требаше да се одржи на 9 мај, Денот на победата во Русија, но истата беше презакажана поради тековната пандемија на ковид-19.
Осветување на контроверзната руска воена црква

1
Руските војници присуствуваат на церемонијата на отворање на црквата на 14 јуни.

2
Патријархот на Руската православна црква Кирил (центар) учествува на церемонијата на осветувањето. Црквата е изградена за нешто помалку од 600 дена и беше отворена на 9 мај. Црквата требаше да се плати целосно преку донации, но според руските извештаи скоро 3 милијарди рубли (околу 40 милиони американски долари) потекнуваат од буџетот на Кремљ.

3

4
На церемонијата беше и претседателски помошник и поранешен министер за култура, Владимир Медински (десно).