Достапни линкови

Традиционално обраќање на претседателот, традиционален бојкот од опозицијата


Скопје- годишно обраќање на претседателот Стево Пендаровски во македонското Собрание, 16.12.2020
Скопје- годишно обраќање на претседателот Стево Пендаровски во македонското Собрание, 16.12.2020

Проблемот со Бугарија поради кој се блокирани македонските евроинтеграци и ковид кризата беа дел од годишното обраќање на претседателот Стево Пендаровски во парламентот. Откако пред говорницата излегоа со транспаренти пратениците од опозицијата ја напуштија салата.

Црвените линии во контекст на актуелниот проблем со Бугарија одамна ги имаме утврдено рече во своето годишно обраќање пред Собранието претседателот на државата Стево Пендаровски. Тоа доаѓа и во период во кој официјална Софија одлучи да ја блокира преговарачката рамка за земјава со Европската унија спорејќи и со историски прашања и употребата на македонскиот јазик во европските институции, па голем дел од говорот претседателот посвети на ова прашање.

„Длабоко сум убеден дека ниту еден од денешната генерација политичари нема право да се договара или преговара за тие прашања и денес и во иднина затоа што нашите црвени линии одамна ги имаат утврдено оние кои ја направија оваа држава во 1944 година и тоа со државотворните акти на Првото заседание на АСНОМ, Манифестот на македонскиот народ и документот осум за воведување на македонскиот јазик како службен во македонската држава“, рече Пендаровски.

Пендаровски- нашите црвени линии одамна се познати
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:16 0:00
Директен линк

Според претседателот, нема потреба од собраниска седница на која би се утврдиле македонските црвени линии во однос на проблемот со Бугарија, оти како што рече, ниту еден парламентарен субјект не го спори македонскиот идентитет и јазик.

„За мене е несериозно во 2020 да се соберат сите релевантни политички партии и политичари и свечено да потпишат дека сме Македонци кои зборуваат македонски јазик“, рече Пендаровски.

СДСМ- претседателот ги брани државните интереси

Годишното обраќање претседателот го почна со барање за едноминутен молк за сите што ги загубија животите од Ковид19, а годинава ја оцени како една од најтешките од независноста. Вели дека тоа што е сигурно е дека ќе има нов бран на негативни кампањи кои ќе ги обесхрабруваат луѓето да се вакцинираат преку ширење на теории на заговор на социјалните мрежи.

„Затоа кампањата за вакцинирање, кое секако ќе биде на доброволна основа, ќе мора да се води и преку лични примери. Не смееме да дозволиме во 21 век за вакви сериозни прашања полуписмени шарлатани и надрилекари да доминираат над најголемите научни имиња и институти кои во изминативе два века од појавата на првите вакцини спасија милиони човечки животи“ , рече Пендаровски.

Од владејачката СДСМ во говорот на претседателот видоа сојузник за надминување на сите пречки и доаѓање до решенија кои ќе обезбедат подобар живот.

„Го поздравуваме фактот што претседателот Пендаровски ги брани државните позиции во процесот на обезбедување на нашата европска иднина како и во изнаоѓање на решенија за прашањето со Бугарија. Од институцијата претседател сега, за разлика од претходно навистина гледаме државнички пристап и единство за стратешките позиции“, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески.

ВМРО-ДПМНЕ ја напушти салата

Но, второто обраќање во парламентот, за разлика од првото лани, не помина без конфронтации и несогласувања со опозицијата. На него во почетокот присуствуваа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои извадија траснпаретни пред собраниската говорница, но кратко потоа ја напуштија салата, па говорот останаа да го слуша владиниот врв и претставниците на владејачкото мнозинство.

„ВМРО-ДПМНЕ ги продолжува замрзнатите односи со Стево Пендаровски, поради тоа што Пендаровски врти грб на народот денес пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата му свртеја грб нему. Стево Пендаровски наместо да обединува, поларизира, имаше историска шанса да биде првиот претседател на Македонија кој не е оспоруван, но за жал ја прокоцка заради тесно партиски интереси и наредби“, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

Николоски- ВМРО-ДПМНЕ ги продолжува замрзнатите односи со Пендаровски
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:33 0:00
Директен линк

И од опозициската Алијанса за Албанците и Алтернатива имаат забелешки. Пратеникот Скендер Реџепи од таа коалиција, рече дека претседателот во обраќањето рекол дека изборите што се одржаа годинава биле демократски, а според нив тоа е неточно, а му забележуваат и дека начинот на справување со пандемијата го оценил како соодветен, што Реџепи вели не било така.

„Обраќањето на претседателот не се разликуваше од ставовите на Владата и на партиите кои се дел од влајачкото мнозинство“, рече Реџепи.

Опозицискиот бојкот - традиција

Инаку, политичката опција спротивна од онаа што го поддржала претседателот да не присуствува на собраниската седница на која тој зборува всушност е традиција во македонската парламентарна демократија. Пратениците од СДСМ и од ДУИ ги бојкотираа обраќањата на претходникот на Пендаровски, Ѓорге Иванов, а ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваше на собраниските говори на претседателот Бранко Црвенковски.

Интересна беше ситуацијата со претседателот Борис Трајковски. Тој, како кадар од ВМРО-ДПМНЕ по изборот за шеф на државата беше оспоруван од СДСМ, но по конфликтот во 2001 година, откога се збилижи со социјалдемократите, неговото собраниско обраќање во 2002 година го бојкотираше ВМРО-ДПМНЕ.

Првиот претседател на независна Република Македонија Киро Глигоров, кој првиот пат беше избран во сорбанието, а вториот на непосредни избори во 1995 година, додека беше на позицијата во парламентот воопшто немаше опозиција. На парламентарните избори во 1994 година ВМРО-ДПМНЕ одлучи да го бојкотира вториот круг, обвинувајќи ги СДСМ за изборни манипулации, па во собранието до 1998 година немаше опозиција.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG