Мурати – Над 15 илјади луѓе ќе добијат работа преку програмите за вработување
Лани реализиравме 96 отсто од оперативниот план за вработување преку кој се вработија 12.000 луѓе. Оваа година очекуваме 15.000 вработувања преку програмите за самовработување, субвенционирање на плати, вработување и раст на правни субјекти, вели директорот на Агенцијата за вработување Беким Мурати.