Достапни линкови

Мигранти од Централна Азија преку Мексико до „американскиот сон“


Мигранти во Тихуана Мексико
Мигранти во Тихуана Мексико

Расте бројот на мигранти од Централна Азија кои искористувајќи го безвизниот режим во Мексико со руски пасоши преку Тихуана пробуваат да влезат во САД. Илјадници Киргистанци, Таџикистанци и Узбекистанци бегааат од руската воена мобилизација и тргнуваат во потрага по „американскиот сон“

Саодат Џумабоева со своето тричлено семејство неделава лета за Истанбул на првиот дел од патувањето до она што таџикистанските мигранти се надеваат дека ќе биде нов, подобар живот во Соединетите Американски Држави ( САД). Таа плановите за патувањето со месеци ги крои со уште петмина други, еден сонародник од Таџикистан и четворица Киргистанци. Со нив се спријателиле во Москва, каде што моментално живеат и работат како и многу други мигранти од Централна Азија. Ниту еден од нив нема американска виза и не планираат да аплицираат за виза.

Наместо тоа, овие пријатели се придружуваат на рапидно растечкиот тренд на баратели на азил од Централна Азија и Русија во обидот нелегално да влезат во САД од Мексико за да ги остварат своите американски соништа.

„Познаваме многу Киргистанци и Узбекистанци кои отидоа во Мексико минатата година, користејќи ги нивните руски пасоши, а тие веќе се во Америка, работат таму, заработуваат пари“, рече Џумабоева за РСЕ на 17 мај.

„Бараме, напаѓаме, уништуваме“ - Со дронови против руските сили во Бахмут
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:35 0:00

„И ние ќе ги искористиме нашите шанси“, додаде таа, посочувајќи дека не ја поколебува ризичното патување низ Мексико, во кое според некои сведоци, може да бидат ограбени, нападнати или затворани. Нејзиното семејство не е разубедено во намерата нити од новите, построги правила за имиграција во САД кои потенцијално би можеле да ги дисквалификуваат од барање азил во Соединетите држави.

Според новите регулативи кои месецов стапија на сила, мигрантите може да бидат одбиени на граница ако не поднеле барање за азил преку Интернет пред да се обидат да влезат во земјата или не побарале прво азил во некоја од другите земји низ кои патувале на пат кон Соединетите држави. Оние кои илегално ќе преминат во САД би можеле да бидат депортирани и да се соочат со петгодишна забрана од земјата.

Семејството Џумабоеви и нивните сопатници имаат руски пасоши и со нив ќе се обидат да го искористат безвизниот влез за руски државјани во Мексико. Од почетокот на 2022 година забележан е значителен раст на бројот на луѓе кои со руски пасоши влегуваат во САД преку Мексико. Многумина го поврзуваат овој тренд со инвазијата на Москва на Украина, настан што поттикна илјадници луѓе да ја напуштат Русија.

Според податоците на Царината и граничната заштита на САД, 36.271 руски државјанин побарале влез преку јужните граници на Соединетите држави во фискалната 2022 година (почнувајќи од 1 октомври 2021 година), во споредба со 13.240 лица во претходната година. Трендот продолжува да расте со 38.259 пристигнувања меѓу октомври 2022 и март 2023 година. Податоците на американската влада покажуваат и повисоки стапки на одобрување за барања за азил од државјани на Узбекистан, Казахстан и Русија во периодот од октомври до јануари.

Влегување преку Никарагва

Меѓу барателите на азил има и киргистански државјани кои според локалните медиуми од Мексико во САД преминале со руски пасоши. Но, оние кои немаат втор пасош истражуваат други рути низ Централна и Јужна Америка. Некои казахстански државјани прво слетуваат во Бразил, земја која им дозволува да влезат без визи.

Киргистанците и Узбеците сè повеќе ја избираат Никарагва за нивна точка на влез на континентот пред да се префрлат кон Мексико.

„На летот од Истанбул до Манага со кој патував имаше околу 30 киргистански државјани“, изјави за киргистанскиот сервис на РСЕ, маж кој побара да биде анонимен. Тој додаде дека групата со која патувал им платила на криумчари со мигранти да ги одведат од Никарагва преку Хондурас и Гватемала до јужниот мексикански град Тапачула.

Човекот рече дека поголемиот дел од станарите на шесткатниот хотел Тапачула во кој престојувал биле Киргистанци, пополнувајќи околу 90 од 120-те соби во зградата, со четири или пет лица во секоја соба.

„Има и Узбеци и други Централна Азија, иако во помал број“, рече тој.

Повеќето од мигрантите поднеле барање преку Интернет за азил во САД пред нивното патување кон север кон Соединетите држави. Додека Русија сè уште е најголемиот примател на мигранти од Централна Азија, илјадници луѓе од петте поранешни советски републики во регионот пристигнаа во САД во последниве години, користејќи и легитимни и нелегални рути.

„Случај за азил“

Во Москва, Џумабоеви го продадоа својот автомобил, го напуштија изнајмениот дом и издвоија пари „и во готово и во картички“ за да го финансираат своето патување.

Врз основа на советите на нивните познаници за кои рекоа дека се „веќе во Чикаго“ по напуштањето на Русија минатата година, тие очекуваат дека ќе им требаат околу 15.000 долари по човек за да стигнат до нивната дестинација, ако се оди според планот.

Таџикистанецот, кој потекнува од немирниот регион Горно-Бадакшан, ќе поднесе барање за заштита врз основа на прогон на етничките групи, рече Џумабоева.

„Тој има посилен случај од нас останатите. Мојот сопруг и нашите пријатели Киргистан бегаат од воената мобилизација во Русија “, рече таа.

Џумабоева е гинеколошка медицинска сестра, но во Америка сака да си ја проба среќата како бебиситерка или негувателка за стари лица во Америка. Таа сонува на крајот ќе може да најде подобро платена работа во породилиште. Нејзиниот сопруг, ветеринар, работи како таксист во Москва. Во Соединетите Американски Држави тој сака да стане возач на камион, работа која вработува многу машки мигранти од Централна Азија.

Според неа, најновите прописи за имиграција во САД, кои би можеле да ги направат неподобни за азил се причина плус побрзо да стигна на посакуваната дестинација.

„Тоа само докажува дека треба да стигнеме таму пред Америка да ги затегне шрафовите уште повеќе. Жалам што не заминавме веднаш по почетокот на војната во [Украина]“, рече таа.

Нејзините пријатели во Чикаго ја предупредиле дека мора да побрза, затоа што можно е поранешниот американски претседател Доналд Трамп може да победи на следните избори и целосно да ги затвори вратите на САД пред лицата на мигрантите.

XS
SM
MD
LG