Минатиот месец рускиот претседател Владимир Путин го прогласи „ослободувањето“ на градот Мариупол за „успешно“. Со многу станбени области уништени и економија во урнатини, тоа е борба за опстанок за околу 100.000 жители уморни од војна, кои се соочуваат со неизвесна иднина. Со неговите преживеани принудени да чекаат вода и храна, Мариупол повеќе не личи на просперитетен европски град.
Пишувајќи на својот канал на „Телеграм“ на 12 мај, советникот на градоначалникот на Мариупол, Петро Андриушченко, наведува руски бројки во кои детално е опишано како само 9.610 жители добиле храна тој ден. „Мислам дека ова е доволно јасен одговор на прашањето дали има доволно храна во градот и дали окупаторите ги хранат луѓето“, рече тој.
Ако Русија ја задржи контролата врз Мариупол, ќе обезбеди копнен коридор меѓу Крим и сепаратистите поддржани од Москва во регионот Донбас во источна Украина.