Во светот кучиња трагачи се обучуваат за откривање на лица заразени со коронавирус. Оваа иновативна мерка осмислена во Франција веќе се развива во Русија, Финска, Германија, Велика Британија и многу други земји. Официјални лица велат дека кучињата се во можност да детектираат коронавирус од значително помала количина на вируси отколку што обично се користи за ПЦР тестовите. Во пракса, кучето е во состојба да открие коронавирус кај лице порано од лабораториските тестови.
Кучиња откриваат коронавирус побрзо од ПЦР тестовите

13
Службеник за обука на кучиња во Чиле покажува кучиња обучени да откриваат ковид-19, за време на демонстрација пред печатот, во Сантијаго, Чиле, 15 јули 2020 година. Благодарение на финото чувство за мирис, кучињата се користат низ целиот свет за откривање дрога , пари или експлозив, можности што сега во Чиле се обидуваат да ги применат за откривање на коронавирусот

14
Чилеански полициски службеник за обука на кучиња покажува куче обучено да открива ковид-19.

15
Примероци од коронавирус се користат како подготовка на тренинг сесија за кучиња за да се научат да го препознаваат мирисот на ковид-19, на 13 мај 2020 година, во Меисон-Алфорт, на периферијата на Париз.

16
Полицаец натопува парчиња ткаенина со примероци од коронавирус со цел да го подготви тренингот за кучиња , на 13 мај 2020 година во Меисон Алфорт,