Во светот кучиња трагачи се обучуваат за откривање на лица заразени со коронавирус. Оваа иновативна мерка осмислена во Франција веќе се развива во Русија, Финска, Германија, Велика Британија и многу други земји. Официјални лица велат дека кучињата се во можност да детектираат коронавирус од значително помала количина на вируси отколку што обично се користи за ПЦР тестовите. Во пракса, кучето е во состојба да открие коронавирус кај лице порано од лабораториските тестови.
Кучиња откриваат коронавирус побрзо од ПЦР тестовите

17
Група кучиња се обучени во Меисон-Алфорт за откривање на коронавирус, благодарение на нивното чувство за мирис. Иницијативата е во режија на професорот по ветеринарна медицина, Доминик Гранджан.