Достапни линкови

Институциите „ранливи“ на пандемијата


Илустрација - Полиција, полициска СТОП лента
Илустрација - Полиција, полициска СТОП лента

Новата влада кога ке се формира ќе мора да ги зајакне институциите за борба против криминалот во услови на пандемијата предзвикана од Ковид 19

Новата реалност, новото нормално и вонредната состојба предизвикани од пандемијата со ковид-19 ги стави на тест институциите. Органите на прогонот добија и нови задачи, да побрзаат во обидот на следење на новите патеки на криминалното дејствување. Експертите предупредуваат дека слабите институционални капацитети во време на пандемија дополнително ослабеа поради недостатокот на кадар и отежнатиот начин на работа.

Поранешниот полициски началник Љубомир Ѓурчески вели дека во земјава во изминативе 30-тина години се работело на ослабување на институциите во борбата против организираниот криминал со тоа што се овозможува и неказнивост. Тој додава дека проблемот со капацитетот на институциите во време на пандемија во Македонија беше поголем затоа што во тој период на власт беше техничка влада, во која настанаа и кадровски промени во неколку сектори.

„На пример во полицијата имавме одредена состојба каде што немаше кој да издаде наредба да се преземат одредени дејствија, или едниот ( технички министер ) потпишува, а другиот( заменик министер) не потпишува. Арно ама возилата, транспортот на организираниот криминал или учеството на организираните криминални групи во јавните набавки си течеше непречено, пари од буџетот се одлеваа“, вели Ѓурчески.

Од друга страна, пак, Слаѓана Тасева од Транспарентност Интернешнл вели дека според досегашната пракса, не би требало да ослабат институциите затоа што сите тие со помош на модерните технологии се добро поврзани, базите на податоците се институционално поврзани, сите трансфери на пари може да се следат, а со тоа и сите информации треба да се веќе внесени во некаков електронски систем. Но, сепак функционирањето на сето тоа зависи од политичката волја, додава таа.

„Прашањето е пак околу можноста и ефикасноста на самите национални системи. Организираниот криминал или раевите за парите се таму каде што постојат слаби држави, значи таму каде што постајат држави кои не се добро поставени за да можат да го исконтролираат, “ вели Тасева.

Поранешен член на Комисијата за спречување на корупцијата, Ариф Муса вели дека коронавирусот открива бројни недостатоци во однос на функционирањето на институциите за блокирање на каналите преку кои работат организирани криминални групи.

„Северна Македонија со години не успеа да воспостави стабилни тела, стабилни инспекторати, без разлика на кое поле припаѓаат, без разлика дали е на пазарот или финансискиот инспекторат, но без да има стабилни институции во време на пандемии, или пак за време на избори за ваквите злосторства граѓаните треба да реагираат, “ вели Муса.

Муса истакнува дека една од главните задачи на новата влада ќе треба да биде зајакнување на системот и на институциите, воспоставување на стабилни и независни државни тела кои што е треба да се занимаваат со општествените аномалии, почнувајќи од криминалот во највиските политичко ниво до најниските ешалони.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG