Достапни линкови

Коронавирусот и животните: не се само лилјаците


илустрација
илустрација

Лилјаците можеби го држат клучот за најголемата мистерија на коронавирусот: потеклото. Но, изненадувачки број на животни, исто така, може да и помогнат на науката да ги откријат тајните на ефективниот третман, па дури и лекот. Поглед на некои суштества кои нè инфицираат, се инфицираат од нас, не предупредат или на друг начин ја обликуваат глобалната битка против ковид-19.

ПОТЕКЛО

Лилјак

Лилјаците се особено темелно испитани откако се покажаа како домаќини на САРС (тежок акутен респираторен синдром), што предизвика смртоносна епидемија во 2002 година.

Ги има околу 1.400 видови и се единствените цицачи кои се способни да летаат.

лилјаци
лилјаци

Тие се неверојатно отпорни на скоро сите вирусни заболувања, освен беснилото, правејќи ги идеален извор на ваквите патогени.

Но, пандемијата на ковид-19 фрли нова светлина врз само еден вид лилјаци за кои повеќето виролози сметаат дека се исто така оригинален извор на коронавирусот.

Овој геном на вирусот им сугерира на истражувачите дека тој скокнал од лилјаци во преоден вид, можеби многу одамна, пред да се заразат луѓето некаде во минатата година.

Вухан забрани лов, продажба и јадење диви животни

Но, сè уште има отворени прашања за прецизниот пат на коронавирусот пред тој да зарази најмалку 7 милиони луѓе ширум светот и да убие повеќе од 400.000, заклучно со 11 јуни.

Тоа е и предмет на интензивна дебата, можеби повеќе заради геополитичките влогови околу улогата на Кина.

Оваа недела, научниците побрзаа да го отфрлат тврдењето од тим британски и норвешки истражувачи кои работат на потенцијална вакцина за ковид-19 дека многу глобални напори за вакцина нема да успеат, бидејќи тие ги игнорираат индициите за РНК (рибонуклеинска киселина) кои сугерираат дека коронавирусот бил вештачки.

Додека научниците не пронајдат точен виновник, лилјаците ќе го окупираат вниманието на јавноста.

Панголин

Во февруари, истражувачите од земјоделскиот универзитет во Гуангжу наведоа дека го идентификувале панголинот како непосреден извор на појавата преку генетско прилагодување.

Како што се покажа, тие откриле само дека еден дел од коронавирусот кој го носи лушпестото животно кое јаде мравки за врзување на рецепторот и се користи за прицврстување на клетките - е скоро идентичен со оној на ковид-19.

панголин на кинески пазар
панголин на кинески пазар

Панголинот се уште се смета како можен пренесувач, но научниците немаат поголеми откритија отколку од пред неколку месеци за да ја потврдат специфичната врска.

Панголините живеат во Југоисточна Азија и Африка, а трговијата со нивно месо (се користи во традиционалната медицина) е забранета на меѓународно ниво, паги имаше на пазарите во Вухан - каде што живи и честопати егзотични животни се продаваат за јадење - што беше поврзано со појавата во провинцијата Хубеи.

Цивит – вид мачка

Цивитите добија лоша репутација по избувнувањето на САРС во 2002-04 година за нивната улога како веројатни посредници на тој вирус.

СЗО тврди дека коронавирусот има природно потекло

Тие се ноќни ловци во шуми, кои честопати се продаваат на кинеските пазари за нивното месо и се сметаше дека се изворот на првичниот пренос во кинеската провинција Јунан на САРС врз луѓето, откако дојдоа во близок контакт со лилјаците, веројатно на таков пазар.

цивити во кафези на кинески пазар
цивити во кафези на кинески пазар

Тоа е затоа што научниците откриле дека некои цивити носеле вирус кој е скоро идентичен со САРС, кој инфицирал околу 8.000 луѓе во 2003 година во екот на таа епидемија.

Циветите бргу станаа можен извор за коронавирусот, иако не се појавија докази за да се поддржи ваквиот заклучок.

НОВИ ИНФЕКЦИИ

Американските центри за контрола и спречување на болести велат дека иако сè уште има „ограничени информации до денес, ризикот животни да шират ковид-19 врз луѓето е мал“.

Проблемот со тестирањето на такво нешто е што не постојат начини да се направат испитувања за да се утврди дали животните можат да ги заразат луѓето.

Во Франција прв случај на мачка заразена со корона

Но, голем број животни - лилјаци, мачки…- се заразени во експерименти и го шират вирусот на други животни во рамките на нивните видови.

И, најверојатно еден бил пренесен на луѓето.

Нутрија

Најмалку две лица се смета дека го фатиле коронавирусот од заразени животни во холандските фарми на нутрии, откако тие животни биле заразени од луѓе некаде на крајот на април (процес познат како зооноза).

Одгледувачите во Холандија беа принудени да убијат десетици илјади животни и покрај уверувањата на Светската здравствена организација дека тоа не е докажано.

нутрии
нутрии

Холандските власти исто така разгледувале дали заразените мачки можеби имале улога во пренесувањето на коронавирусот во фармите.

„Штом ковид-19 стигне во фарма на нутрии, вирусот се чини дека се шири како шумски пожар, иако животните се сместени во посебни кафези“, напиша весникот Science.

НОВИ „ИЗВОРИ”

Во меѓувреме, коронавирусот или неговите најблиски братучеди може да демнат или да циркулираат на друго место - неоткриени.

Покрај лилјаците, барем десетина животински видови во лаборатории намерно сеподложуваат на коронавирус, вклучувајќи: мајмуникучиња, мачки, зајаци.

Две домашни мачки во државата Њујорк корона позитивни

„Бидејќи вирусот се шири низ целиот свет, тој може да најде комплетно нови домаќини надвор од Кина“, вели вирологот Ралф Бариќ од Универзитетот во Северна Каролина, за National Geographic.

Мачки

Научниците од претходните коронавируси знаат дека мачките можат да бидат заразени, но експертите го минимизираат ризикот луѓето да им пренесуваат ковид-19 на домашните миленичиња.

Тие сигурно можат да имаат вирус на крзното - од заразено лице што ги фаќа на пример - но не е јасно дали тоа би можело да биде извор на инфекција, особено затоа што научниците сè уште не се сигурни во тоа.

илустрација
илустрација

Една мачка во Белгија стана во март првиот потврден случај во светот на инфекција со коронавирус од човек.

Тоа животно развило симптоми - дијареја, повраќање и проблеми со дишењето - една недела или повеќе откако неговиот сопственик се разболе. За помалку од две недели животно се опоравило.

Инфекции на мачки наскоро следеа во Хонг Конг и во други земји. Првата потврдена инфекција на мачки во Русија беше откриена во мај, преку брисеви од нос и грло на 5-годишна мачка во Москва.

Големи мачки

Првите американски случаи на животни кои ималепозитивен тест за коронавирусот биле тигри во зоолошката градина во Бронкс, во април.

Наскоро беше потврдено дека го имаат и три лава во истата зоолошка градина.

Тигрицата Надија од зоолошката градина во Бронкс
Тигрицата Надија од зоолошката градина во Бронкс

Тие навидум првично биле заразени од нивните чувари и биле тестирани само откако некои покажале симптоми. Никој до тогаш не знаеше дали тигар може да заболи од коронавирусот.

ФАО: Нема докази дека животните пренесуваат коронавирус

Контроверзна е и самата одлука да се тестираат животните - иако се користеше тест развиен одвоено од оние што се користат кај луѓето - во време кога Њујорк се обидуваше да направи што повеќе тестирања врз луѓето.

Кучиња

Во Хонг Конг во февруари беше откриено првото куче на светот со потврден коронавирусот.

Станува збор за миленичето на еден закрепнат пациент со ковид-19.

Но, тоа се чини дека не произведувало антитела.

илустрација
илустрација

Истражувачите сè уште не знаат дали тоа би можело да зарази луѓе, иако повеќето научници го минимизираат ваквиот ризик.

Кучето починало само неколку дена по ослободувањето од карантин, тврдат властите во Хонг Конг. Сепак, причината за смрт останува мистерија.

Камили

Знаеме дека камилите беа изворот и се носители на МЕРС (синдром на Блискоисточниот респираторен систем), во кој загинаа најмалку 866 лица откако за прв пат беше откриен во 2012 година.

Овие инфекции на луѓето продолжуваат со стапка од неколку стотици случаи годишно, скоро сите од нив на Арапскиот Полуостров.

Камили во пустината во Саудиска Арабија
Камили во пустината во Саудиска Арабија

Повеќето поради директен контакт со камили или конзумирање месо од камили.

Се смета дека камилите првично биле заразени со патогенот МЕРС од некојаегипетска гробница, иако научниците не се сигурни како се случило тоа.

Засега нема регистрирани случаи на камили заразени со коронавирус.

ТРЕТМАН И ВАКЦИИ

Лама

Една белгиска лама по име Винтер е во центарот на истражување за отпорност од коронавирус и можни третмани.

Истражувачите од Тексас и од Белгија во мај ги следеа претходните докази дека антителата на ламата може да бидат особено ефикасни против претходните вируси САРС и МЕРС, па дури и против СИДА и грип.

Аргентина - лами
Аргентина - лами

Ламите имаат втори антитела - наречени „нанободи“ - што се помали од кои било човечки антитела и се чини дека се во можност да ги блокираат „шилестите протеини“ што коронавирусот ги користи за да влезе во клетките.

„Поарно диви животни отколку луѓе“ - вие коментирате

Американските национални институти за здравство го поздравија понатамошното истражување базирано на лама.

Песочни црви

Француските лекари пак, ја тестираат крвта на песочни црви во обид да лекуваат сериозно болни пациенти со ковид-19 откако добија регулаторно одобрување за клинички експерименти во две болници.

Поддржувачите сметаат дека инјекциите со нивна крв можат да помогнат во зголемувањето на нивото на кислород во човечкото ткиво, засновано на молекула во крвта што му помага на животното да не дише подолг период.

песочен црв
песочен црв

Истражувачите потврдија дека ваквиот напор „е невообичаен и во раната фаза на тестирање“.

Првичните тестови беа насочени кон утврдување дали е безбедно да се инјектира ваква крв кај луѓето.

ЛАБОРАТОРИЈА

Тестирањето на животните е особено важно во тековната трка со вакцини.

Речиси секој лек се подложува на тестирање на животни за да се видат неговите ефекти врз биологијата и однесувањето на живите субјекти пред да се дозволи клиничко тестирање врз луѓето.

Коронавирус - далеку од крајот и тежок удар врз светската стабилност

Ваквите тестови можат да бидат за потенцијални третмани или вакцини. Значи, тие се неволните херои на многу медицински откритија.

Глувци

Со ковид-19, некои од најпознатите вести за вакцината доаѓаат од истовремени експерименти направени од фирмата Модерна врз глувци и луѓе во Соединетите држави.

лабораторија во Вухан, Кина
лабораторија во Вухан, Кина

Глувците со децении се покажаа како добри инструменти во тестирање на лекови, делумно заради нивната ниска цена и високата репродуктивност.

Студиите врз глувци дадоа наоди за тоа како коронавирусот го напаѓа нервниот систем, патеките на инфекцијата, и како патогенот влијае врз човечкото тело генерално.

ДЕТЕКЦИЈА

Кучиња

Кучињата и мачките одамна е познато дека имаат добар осет на мирис и други способности кои помагаат да откријат болести кај луѓето.

Кучињата имаат 50 пати повеќе миризливи рецептори од луѓето, правејќи го нивното чувство за мирис илјадници пати почувствително од нашето.

куче на тренинг за да препознае болен од ковид-19
куче на тренинг за да препознае болен од ковид-19

Особено се смета дека кучињата можат да мирисаат докази за карцином кај луѓето и рутински се обучуваат за медицинско откривање или да ги предупредат епилептиците за претстојните напади.

Вакцината за Ковид-19 е неизвесна а веќе предизвикува кавги

Во Велика Британија, истражувачите веќе работат со кучиња со надеж дека ќе можат да откријат коронавирусни инфекции пред да се појават симптоми.

„Ние користиме различни човечки примероци за различни проекти за био-откривање“, вели Гема Батлин, портпарол на еден ваков проект во добротворната организација „Кучиња за медицинско откривање“.

Таа група започна „почетна обука“ со шест кучиња – лабрадори и шпаниели - и се надева дека ќе имаат некаков резултат.

„Следејќи ја обуката за неинфективни примероци, кучињата ќе можат да детектираат мирис присутен кај заразени лица без никаков контакт со тие луѓе“, вели Батлин. „Тие ќе го душкаат воздухот околу лицето“. Слични проекти се во тек и во Финска и Германија.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG