Достапни линкови

Интересите на учениците и наставниците - вие коментирате


Илустрација - Штрајк на наставниците во Македонија - Основно училиште во Скопје
Илустрација - Штрајк на наставниците во Македонија - Основно училиште во Скопје

„Нормално, вие по 2.000 евра, наставниците по 300. Тамам си е“, гласи еден од коментарите на нашите читатели по повод генералниот штрајк во образованието и изјавите на премиерот Ковачевски и претседателот на СОНК Неделков.

Претседателот на Синдикатот за образование наука и Култура, Јаким Неделков на прес конфренција во неделата изјави дека согласно одлуката за штрајкот ќе биде одложено сè што е поврзано со штрајкувачите во образовната дејност – освен наставата на учениците. Премиерот Димитар Ковачевски, пак, повика наставниците да ги стават интересите на децата на прво место и да не се нарушува образовниот процес.

А вашите објави и коментари на нашата ФБ страница – различни. Ебрар Реџеп напишал: „Интересите на децата... нашите деца не можат на одмор, не можат да ја имаат секоја играчка, нашите деца нема шанси да учат факултет со ваква плата, 15 дена и завршува платата“, а за Андреја Штаклев, „апелот е демагогија. Интересите на децата... Нивните родители на минималец, овој збори за интересите на децата??!!??“ Миодраг Мики Велјановски со иронија: „Нормално, вие по 2.000 евра, наставниците по 300. Тамам си е“. Слободан Јанев вели премиерот „да ги почитува интересите на Македонија и да си даде оставка“, но Гоце Горгијовски се согласува со Ковачевски: „За тоа си во право, може да штрајкуваат после работа“. И други објави се против наставниот кадар. Сашко Роскичев бара „отказ и дома да седат без плата, 70% се катастрофа кадар, партиски војници кои појма немаат од образование и ги уништуваат генерациите, затоа сме последни во Европа по знаење“.

Спасени од војната: евакуирани сирачиња во Украина
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:13 0:00

Оние што ја следат РСЕ реагираат и на информациите за војната во Украина и за новите санкции против Москва поради нејзината неиспровоцирана инвазија врз Украина. ЕУ, имено, забрани влез на возила со руски и белоруски регистрации. За Дејан Димковски тоа е „тешка русофобија“. Инаку, има информации дека Русија се обидува да го зголеми бројот на војници, враќа персонал отпуштен од воена служба во 2012 година и регрутира војници од молдавскиот отцепен регион Трансдњестар. Перо Милошевски не верува и се смее: „Ха ха ха... Кои глупости, Русија има војска колку што има народ...“, а потпишан со Уник Атен напишал: „Се обидува да го зајакне бројот на загинати војници“. Друг потпишан со Мак Пост има желба: „Русија мора да победе цела Европа и Америка“. Но, Нане Јаневски со спротивно мислење: „Потемкинова руска армија... Ќе го освоеле Киев за четири дена... А доживеаја срамен пораз и повлекување со безброј убиени цивили... Славната руска армија... Се обрука... Ѝ падна митот за неа како многу силна... Ги разбија Украинците...“

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG