Достапни линкови

Интелектуални мрзливци


Јовица Јанковиќ, студент
Јовица Јанковиќ, студент

Под секој наслов има повеќе од една информација која е важна за целата вест, меѓутоа сите сме виновни за фактот дека таа вест не сме ја истражиле, а веќе шириме информации за истата и со тоа придонесуваме за ширење на лажните вести, пишува дипломираниот правник Јовица Јанковиќ.

Лажни вести, слаба концентрација (low attention span) и консумација. Во изминатите години овие термини се доста актуелни. Со брзото развивање на социјалните мрежи, компјутери и телефони денес човек не смее да се пожали на тоа дека нема пристапна комуникација со други луѓе . Денес доколку сакам да разговарам со некоја личност на другата страна во светот можам лесно да го направам уште од својот дом – преку телефонот.

Овој концепт на функционирање бил незамислив пред и не така долго време, но тоа денес ни е секојдневие. Земајќи ги предвид сите добри страни и фактори на овие социјални медиуми, исто така не можеме да замижиме и на негативностите кои технологијата ги носи со себе.

Инстаграм, Тик Ток, Твитер и Фејсбук – ова се апликации кои младите секојдневно ги користат во поголемиот дел од своето време. Во истата група припаѓам и јас. Во суштина, тука започнува проблемот.

Од апликацијата Вајн (vine) која промовираше само видео-содржини од седум секунди до денес кога тик-ток повторно го започна трендот на истите, но во подолго времетраење на видеата. Овој начин е привлечен за сите поради тоа што во буквална смисла на зборот успева на тацна да ни пренесе стотици информации во само неколку минути, кои мозокот сам по себе од почеток не е навикнат да ги процесуира, а после тоа да ги обработи и искористи.

Овој процес трае се додека мозокот не се научи само на тој начин да ги прима информациите, а потоа не може да се одвикне од истото. Овој начин на промовирање содржина преку тик-ток доведе до тоа скоро сите останати социјални медиуми (Фејсбук, Инстаграм па дури и Јутуб) да го преземат тој начин на функционирање и да го стават на својата платформа, а тоа доведе до состојба денес народ од околу милијарда или повеќе луѓе масовно и секојдневно да консумираат стотици видеа, слики и информации во мошне краток период, нешто што претходно не било возможно во историјата.

Запрашајте се – како може човек да функционира по толку многу примени информации? Одговорот е дека не може, луѓето се навикнуваат и после тоа повторно ќе им треба ,,тренинг“ за да се вратат во ,,форма“ за читање. Додека човек прегледува видео за автомобили, во следните две минути ќе прочита нешто за политика, облека и храна која нема никаква поврзаност со претходната област и едноставно не може да дојде до заклучот што е вистина, а што е погрешно.

Основецот Или Морина: И средношколци и студенти учат математика од мене
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:47 0:00

Од таа причина токму тука се внесуваат лажните вести, едноставно сите сметаме дека насловот е доволен за да ја знаеме целата информација, дека ние Македонците со еден брз преглед на страницата тајм мк ќе откриеме се што се случува во Македонија, регионот и ширум светот, но тоа не е така. Под секој наслов има повеќе од една информација која е важна за целата вест, но, сите сме виновни за фактот дека таа вест не сме ја истражиле, а веќе шириме информации за истата и со тоа придонесуваме за ширење на лажните вести, кои не се во прилог на колективното добро.

Иако ги критикував социјалните мрежи, јас сум еден од многуте кој ги користи овие мрежи, а со тоа можам да донесам и одреден заклучок за побезбедно и ефикасно користење на истите. Не можеме целосно да се ,,исклучиме“ од овие апликации, но во ред е да бидеме свесни дека имаат големо влијание врз нас.

Истовремено, социјалните мрежи се одлични за вмрежување, добивање нови информации и забава, но нивното користење повторно треба да биде ,,под лупа“, и да ги проверуваме сите информации кои наликуваат на невистини и да сфатиме дека и во животот надвор и во модерната технологија, не може се да ни биде сервирано.

Човекот не смее сите информации да ги прифати здраво за готово, и да ги голтне како што му се понудени, туку треба истите да ги прочита со логика и со свесно расудување. Токму вакви начини на примени информации не прави интелектуално мрзливи и како последица на сето тоа се јавува немање на концентрација, дисциплина и волја да се навлезе во содржината на текстот, а истото ни се случува и кога треба да прочитаме весник или книга. Буквално ги читаме само насловите на натписите, и произволно пресудуваме за понудената информација.

Радио Слободна Европа не секогаш се согласува со ставовите на авторите на колумните. Изнесените ставови на авторот можат, но не мораат да ја рефлектираат уредувачката политика на медиумот.

XS
SM
MD
LG