Достапни линкови

Гласачки кутии. Македонија, локални избори 2021
Гласачки кутии. Македонија, локални избори 2021

Избори за локална власт 2021

ВМРО ДПМНЕ прогласи победа на локалните избори

СДСМ смета дека ке победат во вториот круг поради подобриот коалициски капацитет.

Гласањето беше продолжено поради успорувањето предизвикано од машините за отпечаток од прст.

Сите гласачки места беа отворени навреме.

Право на глас имаа над 1,8 милиони граѓани (1.824.864 лица )

Не беа забележани поголеми проблеми или нерегуларности.

15:17 17.10.2021

Според најновите податоци на ДИК (Државна изборна комисија), до 15 часот гласале околу 32% од гласачите.

15:49 17.10.2021

16:35 17.10.2021

Даштевски - Ако е потребно гласањето ќе продолжи и по 19 часот, излезност до 15 часот 31,8 отсто

Александар Даштевски, претседател на ДИК
Александар Даштевски, претседател на ДИК

Гласањето ќе се продолжи за граѓаните кои ќе се најдат на избирачките места и во дворовите на објектите по 19 часот и тие ќе можат да го остварат своето право на глас, истакна денеска претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски, охрабрувајќи ги граѓаните масовно да излезат и да гласаат на локалните избори.

До 15 часот излезноста на гласачите е 31,8 отсто од добиени податоци од 69,86 отсто од избирачките места. На овие избирачки места гласале 403 715 гласачи.

16:52 17.10.2021

До 15 часот излезноста во Гевгелија над 40 отсто, во Дојран над 46 отсто

Илустрација: Театарот во Гевгелија
Илустрација: Театарот во Гевгелија

Излезноста на гласачите на седмите локални избори во општина Гевгелија заклучно со 15 часот изнесува 40,15 отсто. Од ОИК информираат дека на гласање излегле 7.652 граѓани, односно 40,15 отсто од евидентираните гласачи.

Во општина Дојран, пак, процентот на излезност од 46,75 отсто, но на избирачкиот список има само 2.678 избирачи.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG