Новаци општина рекордер по излезност
Општина Новаци, како и на сите претходни изборни циклуси, така и сега руши рекорди по излезност на гласачите.
Според пордатоците на ДИК, до 13 часот на ниво на цела држава, Новаци е општина каде најголем процент од гласачоте го оствариле правото на глас, односно гласале 43,70 преоценти.
Новаци е една од најголемите по површина општини во земјава, а со најретка населеност.
Во Преспанско-пелагонискиот регион таа засега предничи по излезен број на гласачи, по неа е Могила со 28,78 проценти, Битола со 25,31 проценти, па Ресен со 20,99 отсто од гласачкото тело.
Државната изборна комисија соопшти дека излезноста до 13 часот е 20,76 отсто. Засега изборниот процес се оценува како мирен. На 11 места имало прекин повеќе од еден час поради технички проблеми со фингерпринтовите, а на 6 избирачки места се гласа на стариот начин, со спреј и УВ-ламба.