Достапни линкови

„Зошто не станете политичар?“ Метаморфозата на Румен Радев


Румен Радев
Румен Радев

Тој е генерал на НАТО кој знае три странски јазици, но многумина го поврзуваат со Русија. Тој не го осуди комунизмот, но има антикомунисти кои го поддржуваат. Тој е Румен Радев претседателот на Бугарија. Борис Митов

„Политичарите мора да изгледаат како вас. Всушност, зошто не станете политичар?“ Годината е 2008, а прашањето доаѓа од ТВ водителот Слави Трифонов до командантот на Третата борбена воздухопловна база генерал Румен Радев.

Тринаесет години подоцна и двајцата се активни политичари. За разлика од Трифонов, чиј пат кон политиката го трасираше долгогодишното присуство на телевизија и десетици илјади концерти, имиџот на Радев беше прилично изненадувачки.

Претседателски избори во Бугарија - Радев прогласи победа, ГЕРБ призна пораз

Неговиот лик се создаде подоцна - не толку поради нешто што самиот го направи, туку главно поради кампањата на главниот обвинител Иван Гешев против него.

Румен Радев на почетокот. Москва

Пред да влезе во видното поле на политичарите, професионалниот пат на Радев имаше ветувачка кариера како висок воен човек во армијата на НАТО.

Радев: Ова е победа на нашата желба за правда
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:49 0:00

Зборува англиски, руски и германски јазик, а како пилот го достигна највисокиот врв - командант на воздухопловните сили. Само две години откако беше назначен на оваа функција, Радев изрази желба да биде ослободен и да се пензионира. Ова се случи во август 2016 година.

Во истиот месец, Бугарската социјалистичка партија БСП и партијата на поранешниот шеф на државата Георги Парванов официјално ја номинираа неговата претседателска кандидатура.

Шестмина бугарски воени претставници обвинети за шпионирање во корист на Русија

На ова претходеше форум кој ѝ припаѓа на партијата Единствена Русија на Владимир Путин, а на него учествуваа три клучни фигури од Бугарија: претседателката на БСП Корнелија Нинова, поранешниот претседател Георги Парванов и русофилот Николај Малинов, кој години подоцна ќе биде обвинети за шпионажа од бугарското обвинителство.

По средбата во Москва, Рускиот институт за стратешки студии на пензионираниот генерал на КГБ Леонид Решетников нарача анкета за претстојните претседателски избори во Бугарија, на која се бара профилот на идниот кандидат на БСП.

Иако овие настани го стигматизираат како поддржувач на интересите на Кремљ, Радев лесно победи на претседателските избори во ноември 2016 година против кандидатката на ГЕРБ Цецка Цачева.

Тој се уште ја немаше преземено функцијата кога јавно проговори во одбрана на Русија. Во средината на јануари 2017 година, тој зборуваше за францускиот телевизиски канал Франс 24 и повика на укинување на западните санкции наметнати на Москва за анексијата на Крим во 2014 година.

„Де јуре Крим е украински, го има на украинската мапа. Де факто е руски. Не можеме да ја игнорираме реалноста дека на Крим има руско знаме. Тоа е реалноста“, рече тогаш Радев.

Еден месец подоцна, претседателот даде ново интервју, овој пат за Еуроњуз, во кое повтори дека санкциите и наштетиле и на Русија и на ЕУ, но овој пат истакна дека анексијата на Крим е кршење на меѓународното право.

Румен Радев како претседател. Софија

Штом тргна на ова патување, Радев беше принуден да се фокусира на случувањата во Софија. По загубата на Цецка Цачева на претседателските избори, лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов поднесе оставка на својата втора влада (2014-2017).

Така, на почетокот на својот мандат шефот на државата беше принуден да го формира својот прв кабинет. На чело дојде поранешниот претседател на Народното собрание Огнијан Герџиков.

Иако оваа преодна влада се обидува да изврши некаква ревизија на владата на ГЕРБ, најавуваните откритија не доведуваат до некаков сериозен скандал. Ниту до каква било истрага.

Наспроти ова, главниот приоритет на кабинетот на Герџиков се чини дека е да подготви договор за шведските борбени авиони Грипен. Сепак, следната редовна влада на Борисов (2017-2021) го ревидираше овој избор и на крајот купи американски ловци Ф-16. Договорот не поминува без вето на Радев, но лесно беше надминат во парламентот.

Румен Радев и Иван Гешев

Кон крајот на 2019 година, Иван Гешев е избран за главен обвинител. Радев стави вето на именувањето на Гешев, но тоа беше отфрлено. Во првите недели од неговиот мандат, главниот обвинител како да „возврати“.

Бугарија ја бранува видео снимка на полициска бруталност

На крајот на јануари 2020 година, прес-центарот на државното обвинителство дистрибуираше снимки од телефонски разговор меѓу командантот на воздухопловните сили, генерал-мајор Цанко Стојков и шефот на државата.

Во него двајцата разговараат за истрага на антикорупциската комисија за судир на интереси за назначувањето на сопругата на Радев за ПР на воздухопловните сили во 2014 година.

Според главниот обвинител Гешев, записникот содржи докази за прикривање документи и затоа бара толкувачка одлука на Уставниот суд за имунитетот на претседателот. Тој прашува и кога може да се води истрага за шефот на државата. Половина година подоцна, Уставниот суд потврди дека имунитетот на претседателот го штити од кривично гонење.

Снимките што ги дистрибуираше обвинителството потоа предизвикаа критики на истражителите. Се тврди дека тие го прекршиле Законот за специјални разузнавачки средства, бидејќи тој не предвидува можност за користење на податоците собрани на овој начин за која било цел освен како доказ во кривично дело.

Вториот „удар“ доаѓа неколку недели подоцна. Обвинителството води истрага за советниците на Радев, Пламен Узунов и Илија Милушев. На 09.07.2020 година, двајцата беа уапсени, а сомненијата против нив беа искористени како изговор за упад на обвинители и полицајци кај јавниот обвинител во зградата на Претседателството.

Токму овој случај го испровоцира Радев вечерта да се приклучи на масовниот протест во Софија на кој се бараше оставка од владата на Борисов и главниот обвинител Гешев.

Оттогаш, претседателот отворено ги поддржува демонстрантите, интензивирајќи ја својата јавна критика кон владата и државното обвинителство. Тој постојано го осудува полициското насилство за време на протестите.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG