Достапни линкови

АИ: заштитете ги здравствените работници


Медицинско лице носи заштитна опрем, Казахстан
Медицинско лице носи заштитна опрем, Казахстан

Амнести Интернешнл ги повика владите ширум светот каде што случаите со ковид-19 се зголемуваат да обезбедат соодветна заштита за здравствените работници кои лекуваат болни. Организацијата соопшти дека недостаток на опрема за лична заштита за вработените во здравствената заштита е забележана во скоро сите земји и региони што беа опфатени во извештајот објавен денеска.

Амнести Интернешнл соопшти дека извештајот „ја нагласува сериозната загриженост за здравјето на неопходните работници во справувањето со пандемијата, како и за начините на кои владите не успеваат соодветно да го заштитат целиот спектар на нивните човекови права“.

Притоа се додава дека тешкотиите за добивање на заштитна опрема се зголемени со трговските ограничувања и оти има евидентирани примери на некои лекари кои мораат да ја купуваат сами.

Иран - здравствени работници во болница во Техеран
Иран - здравствени работници во болница во Техеран

Организацијата за човекови права со седиште во Лондон соопшти дека владите мора да бидат одговорни за смртта на здравствените работници и на другите неопходни работници, кои не успеале да ги заштитат.

Ковид-19 уби над половина милион луѓе

Организацијата соопшти дека дека повеќе од 3.000 здравствени работници во 79 земји починале од ковид-19.

Земјите со најголем број се: Русија со 545, Велика Британија со 540, САД со 507 и Бразил со 351.

Во моментов не постои систематско глобално следење на смртните случаи на здравствени работници кои се ангажирани околу ковид-19, така што Амнести Интернешнл собрала и анализирала широк спектар на достапни податоци во 79 земји за да ја утврди нејзината вкупна проценка од 3.000 случаи.

Киргистан - доктори кои работат со пациенти со ковид-19
Киргистан - доктори кои работат со пациенти со ковид-19

Бројката веројатно е значително помала поради недоволното известување, додека точните споредби низ земјите се тешки поради разликите во пребројувањето, соопшти Амнести.

Во извештајот се потенцираат и други проблеми, вклучително и казните за луѓе што зборуваат против лошите услови за работа.

Состојбата со КОВИД-19 во САД не е добра, а Индија ја надмина Русија

Притоа се наведени случаите на две докторки, Јулија Волкова и Татјана Рева, кои се соочуваат со казни откако се пожалија за недостаток на заштитна опрема.

Волкова се соочува со парична казна од 100.000 рубли или 1,443 американски долари, додека Рева се соочува со дисциплинска постапка што може да резултира во нејзино разрешување, наведува Амнести.

Исто така, АИ известува за случајот во САД на медицинската сестра, Таиника Сомервил, која беше отпуштена откако објави видео на Фејсбук во кое таа гласно чита петиција со која бара подобро снабдување со заштитна опрема.

Здравствени работници во Хјустон, САД
Здравствени работници во Хјустон, САД

Сомервил изјави дека вработените во еден старечки дом во Илиноис, каде што таа работела, преку извештаите во медиумите дознале дека работат со луѓе кои имале ковид-19.

Во меѓувреме, здравствените службеници во САД прават нов притисок да ги охрабрат Американците да носат маски во јавноста и да ги следат другите упатства за контрола на ширењето на коронавирусот, во услови на пораст на смртни случаи во неколку држави.

Трамп се појави во јавност со заштитна маска

Адмиралот Брет Жироар, член на работната група за коронавирус во Белата куќа, изјави дека носењето маски за лице во јавноста е „апсолутно неопходно“, оценувајќи дека без нив земјата нема да има контролата врз вирусот.

Епидемијата во Соединетите држави, во која досега починаа повеќе од 135.000 луѓе, продолжи да расте, особено на Југот и Западот, каде што многу држави од мај почнаа да ги олабавуваат ограничувањата.

Белорусија - здравствени работници во заштитна облека
Белорусија - здравствени работници во заштитна облека

Светската здравствена организација објави уште едно рекордно зголемување на бројот на потврдени случаи на коронавирус ширум светот за еден ден.

СЗО соопшти дека станува збор за повеќе од 230.000 случаи, а Соединетите држави повторно се најдоа на врвот на списокот со повеќе од 66.000 случаи заразени за еден ден.

Меркел: Ковид-19 може да се победи само со глобален одговор

Земјите во Источна Европа исто така се соочуваат со зголемени бранови на нови инфекции. Унгарија воведе нови ограничувања на границата.

Во Хрватска од денеска носењето маски е задолжително во продавниците, додека бугарските власти исто така ги вратија ограничувањата.

Индија, Јужна Африка, Иран и Бразил исто така реагираат ограничени блокирања и ги охрабруваат луѓето да носат маски.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG