Филип Милевски: Метеорoлошка станица во кутија
Во собата на средношколецот Филип Милевски од Скопје на сите страни, во секоја фиока и во секое шкафче, има по некоја иновација, по некој пронајдок... Од десетиците иновации на овој вљубеник во технологијата и електрониката, одбравме да ни ја претстави Мини метеоролошката станица во кутија, за која ја добил првата награда на Макинова 2022. Филип, кој е ученик во втори клас во скопската гимназија Панче Арсовски, вели дека оваа негова иновација може да има серизона примена во земјоделството, но и да биде практична алатка за децата со неа да учат како се собираат и пренесуваат метеоролошки информации по дигитален пат. Мини мерната станица на секои 5 минути мери температура, влажност, притисок, каде врне, од каде врне и тоа од далечина од 10 километри. Сака иновацијата да биде што поекономична и габаритно помала, а размислува и за комерцијализација на производот доколку некоја фирма е заинтересирана за заеднички пласман.