Западните санкции имаа „големо влијание“ врз одредени руски компании, но истовремено ја зајакнаа контролата на претседателот Владимир Путин врз тајкуните во земјата.
Според поранешниот заменик главен економист во Стејт департментот Даниел Ан, руските корпорации изгубија скоро 100 милијарди долари од воведувањето на санкциите во 2014 година по анексијата на Крим, сума што е еднаква на околу 4,2 проценти од економијата на земјата во тоа време.
Продолжува изградбата на Северен поток 2, стопирана поради санкциите од САД
Обидите на Путин да заштити некои од тие компании од санкциите преку даночни олеснувања, државни договори и други методи го зголемија вкупното влијание на санкциите врз економијата на 8 проценти.
„Значи, 8 проценти не се малку. Тоа е голема бројка “, изјави Ан, зборувајќи за време на виртуелната конференција организирана од институтот Кенан.
Тој е коавтор на студија за санкциите со Родни Лудема, професор на универзитетот Џорџтаун во Вашингтон и поранешен главен економист во Стејт департментот. Студијата беше објавена во минатиот месец.
За западните санкции против Кремљ се дискутира во последниве неколку години, а некои тврдат дека тие имаат мало влијание врз руската економија или врз однесувањето на Путин, посочувајќи на континуираното мешање на Москва во Украина како пример.
Други тврдат дека санкциите го ограничуваат Путин да преземе уште поагресивна акција на меѓународно ниво и ја ослабнуваат неговата домашна поддршка.
Имаше некаква надеж дека санкциите ќе направат клин меѓу Путин и тајкуните чие богатство беше најмногу погодено од нив, но како што изјави Ан, можеби се случи спротивното.
Како може да изгледа претседателството на Бајден?
Путин ги искористи ресурсите на државата за да го одврати влијанието врз одредени компании, особено оние во сферата на одбраната и технологијата, правејќи ги тајкуните уште позависни од претседателот.
„Со контролирање на можноста кој да штити, а кој не, рускиот режим ги заостри и ја консолидираше својата контрола врз критичните сектори на економијата“, вели Ан.
Тој објаснува дека неговата студија за влијанието на санкциите се разликува од оние спроведени од други, како што е ММФ, затоа што тој и Лудема се фокусираа врз ефектот врз корпорациите - или микроекономијата - наместо на макроекономијата.
Тој рече дека руските компании зависни од увозот на Запад за производство на свои добра или услуги се повеќе погодени од компаниите што извезуваат на Запад.
Сепак, Ан смета дека Русија презеде чекори за изолација на нејзината економија, вклучително и од западниот финансиски систем, и со тоа санкциите имаат помали ефекти.
Ан рече дека бил изненаден кога открил оти санкциите од САД имале поголемо влијание од европските санкции, иако економијата на Русија е многу зависна од Европа. Тој оценува дека тоа е така, бидејќи европските санкции имаат тенденција да бидат насочени кон политички фигури отколку кон бизнисмени.
Американска колатерална штета
Ранди Левинас извршна потпретседателка на деловниот совет САД-Русија, трговска организација, на конференцијата рече дека западните санкции им наштетиле и на американските компании, како што се фирмите за кредитни картички.
Кремљ: да не се поврзува случајот Навални со гасоводот Северен тек 2
Конгресот, рече таа, треба целосно да ги преразгледа последиците од санкциите затоа што и американските компании „се погодени“ во овој процес.
Левинас оцени дека Конгресот многу бргу го усвоил законот за санкции врз Русија во 2017 година, без да им се даде можност на американските компании да се подготват за нив. Конгресот во моментов разгледува неколку закони за руски санкции.
„На нашите креатори на политики, вклучително и оние во Конгресот, навистина им е обврска да размислат да направат санкции засновани и врз влијанието врз американските компании, врз националните економски интереси на САД и глобална конкурентност во САД“, изјави таа, додавајќи дека американските компании може да изгубат деловни активности во Русија од кинески фирми.
Левинас рече дека развојот на политиката на санкции во САД може да се врати во Белата куќа од Конгресот кога новоизбраниот претседател Џо Бајден ќе стапи на должност следниот месец.
Додека некои шпекулираат дека Бајден би можел да воведе повеќе санкции за Русија, Левинас оценува дека многу „ќе зависи од Русија и нејзините постапки“.