Достапни линкови

Функционерска глава кацига не држи


Архивска фотографија: Премиерот Зоран Заев вози мотор
Архивска фотографија: Премиерот Зоран Заев вози мотор

Премиерот Зоран Заев и двајца министри беа снимени како возат мотори без кацига во Скопје. По три дена на медиумите излегоа информации дека биле казнети со по 50 евра. За едни ова е доказ дека правдата е неселективна, за други е евтин театар за замајување на јавноста.

Три дена на социјалните мрежи се шират снимки како премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Љупчо Николовски и министерот за здравје Венко Филипче возат мотори без кацига, реагира Министерството за внатрешни работи и им пиша казни од по 50 евра.

Порталот Центар.мк ги објави казнените налози за тројцата владини функционери со забелешка дека ова е доказ дека законите никој не е привилегиран и законите важат за сите подеднакво.

Сепак, според реакциите на социјалните мрежи, граѓаните сметаат дека се работи за театар на власта. Некои, пак, полемизираат дека не е поентата во казната туку во свесното кршење на законот од оние кои треба да го спроведуваат и да даваат пример.

Едни велат дека ова е доказ дека правната држава почнала да функционира.

За други, пак, ова е обичен театар и евтин ПР на власта.

Трети потсетуваат дека и поранешниот премиер Никола Груевски така случајно беше фатен на кеј како вози точак и слуша техно.

А моторче возеше и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Сепак, некои прашуваат дали може некој вака да биде казнет поради снимка на социјалните мрежи. Други забележуваат дека не е поентата во плаќањето казна, туку дека станува збор за свесно кршење на законите.

Сепак, полицаецот што ја пишал казната ќе има „партизански“ приказни за раскажување на внуците.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов во јуни годинава беше казнет со 150 евра зашто не носел заштитна маска при посетата на Рилскиот манастир.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Трендинг е седмична рубрика на Радио Слободна Европа на македонски јазик, во која автентично ви пренесуваме дел од највпечатливите коментари на социјалните мрежи за одредена тема. Пренесените коментари се мислења или ставови на авторите на коментарите и не се дел од уредувачката политика на РСЕ.

Повеќе
XS
SM
MD
LG