Чешка нареди 18 руски дипломати да ја напуштат земјата откако чешките разузнавачи поврзаа руски воени агенти со масовната експлозија на складиштето на муниција во близина на Врбетице на 20 октомври 2014 година.
Премиерот Андреј Бабиш на 17 април рече дека одлуката за протерување на Русите е донесена врз основа на „недвосмислени докази“ обезбедени од истражители од чешките разузнавачки и безбедносни служби.
Чешка „мора да реагира на овие невидени откритија на соодветен начин“, рече Бабиш.
Експлозијата во Чешка во 2014 година за која се обвинуваат руски агенти

1
Пиротехничар изврши увид на местото по смртоносната експлозија во 2014 година. Постои „основано сомневање во врска со улогата на припадниците на руското воено разузнавање… во експлозијата“, рече чешкиот премиер Андреј Бабиш на 17 април.

2
Во експлозијата две лица загинаа.

3
Дрон врши увид на местото на експлозијата. Два месеца по првата експлозија, други 13 тони муниција експлодираа на истото место.

4
Причината за експлозиите никогаш не беше јавно откриена досега. Нејасно е дали има нови разузнавачки информации што ги поттикнаа чешките власти да го објават соопштението.