Чешка нареди 18 руски дипломати да ја напуштат земјата откако чешките разузнавачи поврзаа руски воени агенти со масовната експлозија на складиштето на муниција во близина на Врбетице на 20 октомври 2014 година.
Премиерот Андреј Бабиш на 17 април рече дека одлуката за протерување на Русите е донесена врз основа на „недвосмислени докази“ обезбедени од истражители од чешките разузнавачки и безбедносни служби.
Чешка „мора да реагира на овие невидени откритија на соодветен начин“, рече Бабиш.
Експлозијата во Чешка во 2014 година за која се обвинуваат руски агенти

5

6
Чешкото списание „Респект“ објави дека муницијата и оружјето што биле уништени биле наменети за Украина, која во 2014 година се бореше со сепаратистите поддржани од Русија во источна Украина. Борбите во источна Украина продолжуваат. Повеќе од 25 украински војници се убиени досега оваа година.

7
Претседателот на чешкиот Сенат, Милош Вистрчил, долгогодишен критичар на Бабиш, сугерираше дека експлозијата може да се смета за акт на „државен тероризам“.

8
„Неопходно е да се реагира јасно, самоуверено и остро на тоа“, рече Вистрчил пред новинарите.